- Двократниот европски првак Вардар на денешната ждрепка за баражот за пласман во групи во Европска лига, второ во ранг натпреварување после Лига на шампиони го доби бундеслигашот Рајн Некар Левен.
- Германскиот клуб беше најтежок од сите можни ривали. Првиот дуел се игра во Скопје на 26 или 27 август а реваншот е недела дена подоцна во Германија. Директен пласман во Европска лига обезбеди Алкалоид, а Пелистер после долги години ќе игра во Лига на шампиони.
- Пред натпреварот Ница - Рома (1-2) од 1. коло во Лига Европа, француската полиција осуетила и привела повеќе од 100 навивачи на Рома меѓу кои нашле арсенал студено оружје, палки, метални шипки, боксувачи, димни бомби и др.
- 28 навивачи од Рим по брза судска постапка биле осудени на минимум 2-месеци затвор во Ница и таму ќе останат најмалку до крајот на ноември. На оние кои се ресидивисти, односно кои го повториле делото и биле учесници во инциденти и нереди на натпреварите против Тотенхем, Билбао и Сервет, им се заканува и затворска казна до 5 години. Обвинителството во Ница им ги одбило барањата за депортација. Останатите 89 биле депортирани назад во Италија на нивен трошок.
- Рома победи 1-2 со головите на двајцата стопери Еван Ндика и Џанлука Манчини.
- Како што беше објавено веднаш по трагедијата, Ливерпул остана на зборот и целосно го исплати преостанатиот дел од договорот на семејството на Диого Жота.
- Португалецот имаше уште две сезони договор со клубот од Енфилд. Потврдата стигна од Арне Слот.
- „Неколку пати повторив колку бев горд на реакцијата на навивачите во тие денови. Сопствениците се претежно оние кои критикуваат, како и тренерите. Но, начинот на кој се справија со целата оваа ситуација... Тие им ги исплатија на сопругата и децата на Диого сите пари од договорот. Можеби луѓето мислат дека тоа е нормално, но тоа не е нормално во фудбалот“, рече тренерот на Ливерпул.
- Ливерпул, исто така, направија нешто што никогаш порано не го направие. Го повлекоа бројот 20 во сите младински категории и во првиот тим.