На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.
„Краен рок“ се употребува за датум или време до кое треба нешто да се заврши. На англиски - deadline - звучи многу позаканувачки. И навистина, историјата на зборот има врска со линија и умирачки.
Нова книга на математичарката Кети О’Нил го анализира собирањето на големи количества податоци за политички цели, и објаснува како алгоритмите можат да се употребат како оружје против демократијата.
Не мислиме на некаква метафоричка болест која се фаќа од посета на места обременети со идеологија и историја, и со артефакти кои асоцираат на нив. Зборуваме за многу физички болести кои се фаќаат ако фаќате предмети во музеј, a кои ги фаќале многумина пред вас
Јапонците имаат збор за овој нам познат феномен - „цундоку“, или купиштата книги кои ви се формираат додека ги зајмите или купувате, но немате време да ги читате. Што би се рекло „читокуп“ или „книгорид“. Вакви трупачи на книги има и меѓу нас, обичните читатели, но и меѓу познатите личности.
На 19 јули 1937, во организација на Адолф Циглер и нацистичката партија, во Минхен бил организиран настан на кој биле претставени 650 уметнички дела. Нивниот заеднички именител - дека тие всушност не се уметност, туку дела на дилетанти кои го навредуваат чувството за убаво.
Дали гледањето насилни содржини на сцена различно се доживуваат од нивното гледање на монитор? Спојувајќи маркетинг со реално истражување, еден театар користи наука за да добие одговор на ова прашање.
Со годините човек станува поскржав кон своето време, и кон сето она што непродуктивно му го троши. Досадните и глупите филмови после кои се чувствуваш како оставен со празни раце се едни од најфрустрирачките искуства, па макар траеле и само саат и пол. Како да знаеш дали вреди да се гледа некој филм, а да не е затоа што некој само ти рекол дека тој е „тиња“?
Твитер знае да биде фино место за она што модерно се вика „социјален ангажман“: хуманитарни календари, оброци за бездомници, собирање пари. Ама не мора па сè да биде масовно и по цело (Твитер) село. Има и осамени јавачи, кои на ветерниците јуришаат со точак, и со поезија. Нивниот успех може да биде инспирација за идни поетски твитања.
Не мислиме на нешто метафорично (пример да имаш „г’з“ да пишуваш како Хантер Томпсон), ниту на нешто безобразно. Ова е вистински, и голем задник, кој полека но сигурно расте ко крофна под р’бетот на оние чија професија е пишувањето. И за ова имаме решение - пишување лежечки.
Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.
Неодамна медиумите, па и нашите, ја пренесоа веста дека термин кој потекнува од песна на Еминем „сега и официјално е внесен во ОР на англискиот јазик“. Но во ова има неколку проблеми.
Вчера, 30.05, при примањето на наградата Прозарт на фестивалот Про-за Балкан, Миљенко Јерговиќ прочита за оваа прилика посебно напишан текст. Неговиот инаку тивок и спокоен глас моќно одекна низ амамот, а нам, на веќе снеможените на срце и нерви, ни даде надеж за нормалност и убавина.
Во вторник 30.5 со почеток во 17 часот во Менада ќе се оддржи промоција на македонскиот превод на романот на Миљенко Јерговиќ, „Рута Таненбаум“. Иако не се работи за биографија, книгата е инспирирана од приказната за девојче кое го нарекувале „чудо од дете“, а чиј живот завршил трагично на само 16 години. Која била Леа Дајч?
Толку пати сме пишувале за него, или сме преведувале негови текстови, што е од оние за кои сме сигурни дека „нема потреба од посебно претставување“. Меѓу најпродуктивните, и воедно најдобри писатели од јужнословенскиот писателски табор, од 28-30.5 ќе можеме да го нагостиме во Скопје, и барем малку да му се оддолжиме за сите книжевни гоштевања со кои тој нè удостоил низ годините.
Стрип-албум за стриперската професија, направен врз основа на изјави на 300 соговорнички од бизнисот, а издадена со пари собрани преку кампања на Кикстартер.
Повеќето луѓе што имаат двор имаат и жива ограда. Таа може да биде доста практична. Може да служи како заштита од несакани погледи или да биде добар филтер за звуци, прејака светлина а најчесто за прашина. Но, понекогаш знае и многу да разочара. Уште повеќе ако комшиите имаат убава ограда но вашата е ретка и болежлива.
Во 2006, само неколку недели по 100-годишнината од раѓањето на славниот драматург, во неговата архива се пронајдени куп празни листови. Еве како извести Тhe Onion за тој вонсериски настан.