Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Народен глас.
Учество на МНР Никола Димитров на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ Во рамки на финалните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Р. Хрватска, делегација од Република Македонија предводена од МНР Никола Димитров, денеска (30 јуни 2017 година) во Дубровник учествуваше на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ.
МНР Димитров во своето обраќање ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во Регионот и нивното влијание врз целокупната соработка, како и начините за унапредување на истата особено во форматот на ПСЈИЕ.
Притоа, зборуваше за начините и модалитетите за надминување на сегашните предизвици и максимизирање на заедничките можности користејќи ги досегашните искуства во рамки на Процесот, но и на другите иницијативи и организации, со акцент во секторот за поврзување, комуникација, транспорт и енергија.
На крајот на состанокот, Министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Процесот усвоија Заедничка изјава. На маргините на состанокот, МНР Димитров оствари средба со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.
На средбата МНР Димитров ги пренесе заложбите на новата реформска Влада за стабилна и просперитетна Република Македонија, ги потенцираше и можностите и задачите на нашиот пат кон европска демократија во која владее правото.
Министерот оставари и повеќе билатерални средби, меѓу кои со Потпретседтелот на Владата и МНР на Р. Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, МНР на Р. Косово, Енвер Хоџај, ЗМНР на Руската Федерација, Алексеј Мешков.