Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.
Важат за ноторни левичари. Блиски се со навивачите на Ливорно и АЕК Атина, исто така крајни левичари во своите земји. Различноста на нивната трибина (црни, бели, жолти) и културни разлики ги спојува само едно: љубовта кон клубот кој во 1992/93 стана европски шампион.
Слично како што Кина не почитуваше граници во загадувањето, така и загадувањето не почитува државни граници. За сега Калифорнија трпи штета по двете основи.
Многу, многу работи. Мемоарот „Becoming”, е полн со досега необјавени приказни и анегдоти од нејзиниот живот, и како дете, и како девојка и како жена (на претседател на САД). Раскажува доста ствари за себе, и баш е таква каква што ја замислуваме.
Та-та-та-татата-тааа! Во моментов по дома младата генерација го вежба интрото на хитот од 80-тите, во нешто што ни изгледа ко бесконечен луп. Ама некому му текнало да го направи точно тоа среде пустина, и да го нарече уметничка инсталација.
За југословенската фудбалска икона родена во Штип, има многу што да се раскажува. Мајсторот со топка го достигнал врвот ама и дното во кариерата за која е снимен филм, а правел и многу срчки и на терен и во кафана. Уругвајците го носеле како херој на рамења, а Белграѓани знаеле и да го свират. Разочарувањата во животот му влијаеле до помисла за самоубиство.
На 81 година, во саботата наутро во Белград почина легендарниот уметник со фудбалската топка Драгослав Шекуларац. Освен фудбалот, голема страст му биле уште и коцката и кафанските седенки.
Една од најголемите легенди на Црвена Ѕвезда и југословенскиот фудбал почина синоќа во Белград на 81 годишна возраст. Имаме јака приказна за него, која од Вардар наеднаш се префрла на славниот Шеки за кого сонувале и во Серија А.
Книгата се појави во книжарниците во петок 4-ти јануари, а денес, 5-ти, таа е веќе на првите места на топ листите. Во Франција е издигната на ниво на национален настан.
Ако најдете чизми што ќе ве натераат да напишете ваква магистерска тема, аман прерачунајте се колку дена ќе треба да јадете крекери и вода и купете ги. Ретко се постигнува вакво чувство.
Мора да им е убаво на научниците кога мислат на оние кои слепо им веруваат. Бидејќи кога таквите ќе тргнат да ги тепаат зашто биле прелажани, нема да можат да ги стигнат од што се усвињети.
Ако ништо друго, фино е да пробаш да се стремиш кон тоа. И само една од стварите што те носат натаму да штиклираш, веќе си на добар пат. Како на пример, да бидеш културен. Познаваме доста луѓе што баш на тоа ќе ги бутне комисија, ама па сега... Да се проба.
Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.
Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
Земјите кои за време на Студената војна беа на линијата на фронтот помеѓу САД и СССР, сега се потполно небитни и заборавени a деновиве им се случува тотален општествен колапс и масовен егзодус на населението. Чисто да се доежиме од онаа оценка на американскиот секретар Џон Кери дека Македонија е на „линијата на огнот“ меѓу Вашингтон и Москва.
Сите кои синоќа го проследија дербито Тотнем - Сити можеа да приметат дека теренот беше изоран како бавча и не доликуваше на стадион каков што е храмот на фудбалот „Вембли“. Кој го упропасти?
И на пример, не знаеш што да се маскираш (еве нека не е Ноќ на вештерките, добро еве не е наш празник, сфативме, во ред е, спиј мирно, еве нека е 1-ви април) и ти текнува дека имаш патики со костурски елементи на нив и доволно е само нив да ги облечеш и се чувствуваш како дел од журката.
Да ризикуваш со облека е релативно лесно со оглед на тоа што пред да излезеш од дома можеш да се предомислиш, а ако се предомислиш на пола ден, секако на крај ќе се соблечеш. Да ризикуваш со малку потрајни работи како боја и ѕидови по дома бара повеќе храброст.