Не станува збор за грешка на работниците на стадионот, ниту пак за некаква тактичка заврзлама на Мурињо.
Белите линии се последица од рагби мечот, одигран на „Олд Трафорд“ на 13 октомври каде се играло големото финале на англиската рагби супер лига.
Еден од најфудбалските стадиони на светот, секоја година од 1998 па наваму е домаќин на решавачкиот меч за титулата. Така ќе биде и до 2020 а потоа можеби местот на одигрување ќе се смени.
Во Суперлигата има три основни, главни трофеи во сезоната: Challenge Cup, чие финале се игра на познатиот „Вембли“, League Leaders’ Shield e трофеј за освоено прво место на крајот од сезоната а се дава и пехар за победа во финалето на плејофот чие полуфинале и финале се игра на „Олд Трафорд“.
Победникот добива 100.000 фунти а поразениот во финалето, 50.000 фунти.
Рагби лигата е попопуларна на северот од Англија, а на југот ја претпочитаат рагби унијата, две различни првенства.
Годинава на финалето од плејофот, на „Олд Трафорд“ дошле 65.000 луѓе. А линиите на теренот останаа и за мечот од Лига на шампиони Манчестер Јунајтед - Јувентус (0:1).