За Водици 2019 се собрале луѓе пред црквата на МПЦ во Спрингвејл, Австралија.
Ама, ни Миле го има, ни тапијата ја има.
Новиот свештеник има клучеви од црквата ама па нема од синџирот на портата!
А синџирот може да се реши со клешта ама па немаат клешта!
А и да влезат, кај е па базенот? Внатре ли да се фрлаат, а убав денот?
Главно, тоа.
Плус, Миле ги нарекувал терористи.
Една жена вика „Јас со моја уста го имам чуено“.
Богојавление?
Абре луѓе, Миле не ви се појавува, а не па Бог.
Овие главуџиве од МПЦ треба ваквите цркви да ги шитнат и сите пари (до денар!) да ги дадат за лекување ебола, спасување бели тигри, истражување на сексуалниот живот на потполошки трансџендери... што и да е, сè би било покорисно и побогоудно од вакви резили.
Амин.