Теренот на „Вембли“ беше изоран и исцртан со бели линии за американски фудбал. Секоја сезона американската НФЛ лига игра неколку меча во Лондон каде на помалку од 24 часа пред дербито Тотенхем - Сити играле Филаделфија и Џексонвил чии играчи го одрале теренот.
Но НФЛ и сопствениците на „Вембли“ не се виновни и никој не покажува со прст во нив затоа што Тотенхем доцни со отворањето на сопствениот нов стадион.
Ултра модерната арена на Тотенхем планираа да ја отворат на почетокот од септември каде требаше да се игра синоќешното дерби со Манчестер Сити, но поради тоа што биле констатирани неколку пропусти од безбедносен аспект, отворањето беше одложено.
Од друга страна сите карти, поточно 85.870 влезници за НФЛ натпреварот биле продадени уште во месец мај.
Како резултат на овој меч тимовите на Почетино и Гвардиола синоќа играа на ораница.