Стариот лаф, веќе изморен од стотици решавачки натпревари како претседател на Милан, сега ужива во малото симпатично клубче Монца кое за првпат во 110-годишна историја успее да влезе во Серија А и тоа најмногу благодарение на Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои го водат клубот.
Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.
Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.
Додека се спрема големиот спектакл Надал - Ѓоковиќ, младата светска тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во истата фаза на Ролан Гарос откако го совлада Карен Хачанов со 3:0 во сетови 6:1, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.
Реал Мадрид доминантно владее со Европа. По титулата во шпанска Примера каде направија дар-мар, „кралевите“ го кренаа и највредниот трофеј на континентот. Во финале на ЛШ во Париз со 1-0 го совладаа Ливерпул и стигнаа до 14. евро титула. Тоа беше причина за големо традиционално славје на централниот градски плоштад Сибелес во Мадрид.
Англиската Премиер лига го дозна и третиот нов член кој доаѓа од Чемпионшип. После Фулам и Борнмут, сега и Нотингем Форест се пласираше во елитата откако во финалето на плејофот го совлада Хадерсфилд 1:0 со автогол на стоперот Леви Колуила.
Во Франција од почетокот на сезонава 2021/2022 немаше коло кое помина без нереди. А кругот со навивачки хирови го затворија навивачите на трофејниот и еден од најстарите клубови, Сент Етјен.
Кошаркарите на Мајами Хит го возвратија ударот против Бостон Селтикс. Откако „детелините“ земаа победа на претходниот меч на гости, сега „жешките“ успеаа кога е најтешко да израмнат на 3-3.
Многумина сметаа дека на Португалецот му заврши најдоброто време и ретко кој веруваше дека сезонава ќе испише историја. Но тој ги обедини и клубот и базата на навивачи, за прв пат од неговото време во Интер.
Џовани Симеоне од Верона се ожени на 26 години и кога се дотера во стилот на татко му, мислиш него го гледаш. Му ги кине потезите кои ги прави на клупа. Оригинал.
Легендарниот португалски тренер успеа да стигне до финалето на првото издание на новиот турнир на УЕФА, Лига Конференции, и да го освои трофејот. Ова е петта победа на Жозе Мурињо во пет евро финалиња.
Милано е во транс откако шампионите се вратија од гостувањето против Сасуоло каде го заверија Скудетото број 19. Душа му извадија на Хакан, а играчите држеа и транспарент насочен кон градските ривали за кои се отвори истрага.
Го освои последното Скудето на Милан 2011-та со Алегри, се врати и по 11 години го освои пак, овој пат со Пиоли на полни 40 години. Каков мангуп, со шампањ и пура се појави да слави.
Како и во англиската Премиер лига, така и во елитната италијанска Серија А во недела вечер се играше последното коло во кое се решаваше шампионската титула. Сосема заслужено ја освои Милан кој со 0-3 го совлада Сасуоло и ја задржа лидерската позиција пред градскиот ривал Интер.
Женскиот ракометен незаборав наречен Кометал Ѓорче Петров денеска одбележува јубилејни 20 години од денот кога се вивна на шампионското европско небо. Каков ден беше тоа. Клубот во 2011-ва згасна, спомените останаа. Бајка.
Германскиот Ајнтрахт го освои првиот евро пехар после цели 42 години. Тогаш, во 1980-та славеа во Куп на УЕФА, сега славеа во истиот турнир со друго име - Лига Европа. Огромни заслуги за историскиот успех носи уникатниот претседател на клубот - 63 годишниот Петер Фишер.
Еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт и најзаслужниот што овој клуб го освои првиот европски трофеј после цели 42 години, Филип Костиќ за малку пред неколку месеци ќе заминеше од клубот.
Одат на гостување по 10, 20, па и до 30.000, тоа не е никаков проблем, без разлика колку е далеку дестинацијата. Погледнете како се загреваа пред вечерашното финале од ЛЕ против Глазгов. Моќен хор.
Минатите викенди ќе ги паметиме по парада проштални натпревари на фигури кои оставија длабока трага и ќе се паметат долго. Некој ќе менува клуб а некој завршува кариера. Многу емоции, почит, разбирање, солзи.
Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.
Беше главен во хотелската забава после историскиот пласман на Македонија на ЕП, која имавме привилегија да ја гледаме во живо кај него на Инстаграм. Овој пат ни пренесува секвенци од прославата за шампионската титула со Динамо Загреб. Плус и клубот објави јако видео со живата музика. Двајца играчи се качија на кола.
Мај месец е за берба на трофеи. Во повеќето европски првенства шампионите веќе се познати. Сега се активни првенства кои играат по системот пролет-есен како Шведска, Норвешка, Финска, Белорусија, Грузија и пред нив е цела сезона.