Батлер како Џордан, го растури Бостон на гости и ја врати серијата во Мајами

Кошаркарите на Мајами Хит го возвратија ударот против Бостон Селтикс. Откако „детелините“ земаа победа на претходниот меч на гости, сега „жешките“ успеаа кога е најтешко да израмнат на 3-3.

Џими Батлер ја одигра најдобрата партија во кариерата, среде „ТД Гарден“ пред илјадници бучни противнички навивачи во стилот на Џордан уфрли 47 поени со 9 скока, 8 асистенции, 4 украдени топки и 1 блокада.

Кајл Лаури додаде 18 поени со 19 асистенции и со дабл-дабл имаше голем придонес во триумфот на Мајами, а кај Бостон покрај Тејтум со 30 поени 9 скока и 4 асистенции, солидни беа уште и Џајлен Браун со 20 поени, 6 скока и 5 асистенции и Дерик Вајт со 22 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Батлер со луда партија го донесе Мајами повторно на свој терен, пред свои навивачи кога ќе се игра решавачката мајсторка за пласман во големото финале на НБА.

 

28 мај 2022 - 14:11