Жозе Мурињо последниве недели уживаше да истакнува дека последен пат кога се пласираше во големо финале, тој беше отпуштен.
Се разбира, шанси немаше за да го снајде една таква несреќна судбина со Рома пред пресметката против Феенорд во Тирана.
Тајмингот на одлуката на Даниел Леви да го отпушти како тренер на Тотенхем на само шест дена пред финалето во Карабао Купот 2021, изненади многу, но исто така многу навивачи беа среќни што си заминува.
Со оглед на претходното заминување и од Манчестер Јунајтед во 2018-та, во Англија постоеше разбирливо сомневање дека неговото време на врвот се приближува кон крајот.
Но сепак, кога лани во мај беше сензационално објавено дека ќе го замени Пауло Фонсека, навивачите на Рома го пречекаа како месија. Во нивните очи тој сè уште беше 'The Special One' кој му ја донесе тројната круна на Интер во 2010-та и веруваа дека може да направи некое чудо и на Олимпико.
Кога се објави веста, легендата на Лацио, Паоло Ди Канио доби еден куп пораки од пријатели романисти, а неговиот одговор беше следен:
„Го добивте најлошото од најлошото. Разбирам дека ви требаше големо име, но тоа е како да потпишувате играч кој ја завршил кариерата. Тој дури и не игра фудбал, туку игра анти-фудбал. Можеби ќе уживате на неколку прес-конференции, бидејќи контроверзите создаваат добар театар, но дозволете ми да ви кажам нешто: За да се обнови клуб, тој е најлошото што може да го добиете“.
Поранешниот португалски репрезентативец, Адриен Силва имаше поинакво размислување откако и тргна на Рома:
„Не е толку изненадувачки што сега им оди добро бидејќи тоа е Жозе Мурињо. Тој во многу клубови во текот покажа дека е еден од најдобрите тренери во светот. Тоа само покажува дека понекогаш ви треба вистинскиот тренер, во вистинско време, за работите да кликнат“.
Мурињо и Рома несомнено сега изгледаат како совршен натпревар и во најмала рака си даваат енергија еден со друг.
Тој призна дека ја почувствувал и се нахранил од страста на долготрпеливите навивачи на клубот, уште од неговиот прв ден откако се врати назад во Италија.
Стотици навивачи му посакаа добредојде на аеродромот во Рим, додека во квартот Тестачо, набрзо се појави мурал на кој е прикажан насмеан со шал на Рома како вози веспа.
Поранешниот директор на Рома, Валтер Сабатини, беше во право кога го опиша доаѓањето на Мурињо како „емотивен земјотрес“. Потресите сè уште се чувствуваат, а Мурињо веднаш се виде дека не ја изгубил својата љубов за правење контроверзи.
Во текот на сезоната стана јасно дека тој исто така останал извонреден човек-тренер. Во Серија А статистиката не е толку импресивна, собра 63 поени, еден повеќе од Фонсека.
Но сепак Рома не само што обезбеди пласман во ЛЕ како шестопласиран, туку тоа го направи и со освојувањето на Конференциската лига. А не беше баш лесно со толку плитки резервири на квалитет во тимот.
Безмилосно ги отфрли оние кои ги сметаше за вишок, вклучително и поранешната ѕвезда на Барселона и Челси, Педро. Тој се зафати да извлече максимум од мал, но обединет тим. Мора да се каже дека регрутираше.
Се разбира, спортските директори се тие кои ги контролираат трансферите во Италија, но Тами Абрахам беше потпис на Мурињо, а
тој уживаше во историска дебитантска сезона во Серија А, за што Мурињо ја одигра клучната улога.
Дури и откако англискиот репрезентативец го постигна решавачкиот гол во полуфиналната победа на Рома против Лестер, Мурињо одби да го пофали својот ѕвезден напаѓач.
„Затоа што може подобро и го знае тоа. Тој е одличен играч со потенцијал да биде уште поголем“, изјави за Скај Спорт Италија.
Ова беше класика коментар за Мурињо.
„Кога сте под водство на Мурињо, тој зема нормален играч и може да го натера да верува дека е најдобар во светот. Го прави посилен отколку што е, тоа е неговиот пристап. Неверојатен е, прави тоа да ти влезе во глава.
Се сеќавам кога еден ден не играв баш најдобро. За да ме мотивира да верувам дека сум еден од најдобрите голмани, ми рече: Можеш да бидеш еден од најдобрите во светот, но денес играше како да си од Серија Ц. Те мотивира затоа што верува во тебе, малку ќе те налути, но тоа е негов начин“, објаснува голманот на Интер, Цезар.
Инаку многу играчи од тој шампионски состав на Интер од 2010, редовно разговараат со Мурињо во група на WhatsApp, формирана за да се потсетуваат на тројната круна.
И тоа е еден вид на извонредна врска што ја прави со играчите, а сега се случува и во Рома. Некои беа изненадени од неговите солзи уште по последниот свиреж против Лестер, но не и Цезар.
„Плачеше во полуфиналето бидејќи знае колку е важно за навивачите. По 30 години, навивачите на Рома можат да уживаат како го гледаат својот тим во европско финале. Плус стана прв тренер кои ги освои трите клупски европски натпреварувања и испиша историја“, вели Бразилецот.
Можеби за прв пат од неговото време во Интер, Мурињо ги обедини и клубот и базата на навивачи. 50.000 се собраа да навиваат заедно на стадионот Олимпико во Рим за финалето во Тирана.
„Ова е победа на семејството“, рече португалскиот стратег.
„Тоа е нашето најголемо достигнување. Емпатија и чувство за семејство што го создадовме со навивачите“.
Мурињо докажа дека Ди Канио и многу други погрешија во проценките. Тој не само што го обнови клубот, туку му го врати и угледот.