Како Филип Костиќ стана херој во Лига Европа после промашена мејл адреса

Еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт и најзаслужниот што овој клуб го освои првиот европски трофеј после цели 42 години, Филип Костиќ за малку пред неколку месеци ќе заминеше од клубот.

Дваесет и девет годишниот српски репрезентативец кој блеска по левата страна, цела сезона е најдобар асистент во Лига Европа. Со два прекрасни гола против Барселона на „Камп Ноу“ тој беше творец на историската победа на Ајнтрахт од 1-3.

А во големото финале на Лига Европа во Севиља против Ренџерс, Филип Костиќ имаше асистенција за клучниот израмнувачки гол на Рафаел Боре, имаше 114 контакти со топка, 20 успешни центаршути и 11 долги топки. Влезе и во голема шанса во вториот дел но за малку биеше крај голот.

Интересно е што Филип Костиќ, кој потекнува од школата на Раднички Крагуевац, пред неколку месеци само поради грешен мејл остана во Франкфурт и не замина во Рим каде требаше да потпише со Лацио.

Изминатиот јануари Маурицио Сари, тренерот на Лацио по секоја цена сакал да го доведе Србинот и управата постигнала договор со луѓето од Ајнтрахт. Римјаните биле спремни да одвојат 15 милиони евра плус три милиони во бонуси понатаму.

На крајот се испостави дека некој во Лацио направил кардинална грешка. Спортскиот директор Игли Таре ја објаснил несекојдневната грешка: „Пред шест или седум дена го информирав Маркус Круше (спортски директор на Ајнтрахт) дека сакаме да го ангажираме Костиќ. Ни побараа да пратиме писмена понуда и го направивме тоа електронски преку и-мејл. После јавно кажаа дека не добиле понуда...“, рекол Игли Таре за Билд на 30 август.

Истиот германски лист пишуваше и дека Ајнтрахт бил во право затоа што се испоставило дека понуда никогаш не стигнало на нивна адреса. Не затоа што Лацио не го пратил мејлот туку затоа што напишале погрешна адреса.

Наместо eintrachtfrankfurt.de» луѓето од римскиот клуб адресирале мејл до «eintrachtfranfurt.de.

Така Маурицио Сари остана без долго очекуваниот потпис а германскиот тим го сочува својот најдобар играч кој на крај беше најзаслужен за освоеното злато во финалето на Лига Европа во Севиља.

Ајнтрахт Франкфурт е во облаци, преку драматична пенал серија стигна до европски трофеј по 42 години

Среќните панталони на тренерот на Ајнтрахт - еден пар веќе е во музеј, со другиот освои Лига Европа

Видовте ли што одбрани голманот на Ајнтрахт во 118-та и 121-ва минута?

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава се за чиста 10-ка

50.000 навивачи приредија незаборавна лудница на стадионот на Ајнтрахт

19 мај 2022 - 08:54