Дел од стендап, што без разлика што звучи како претерување поради шега - не е. Жените буквално си правеа предизвици да се осмелат да не користат шминка одреден период. Пробај, излези без шминка, еве, без дотерани веѓи, па да видиш како ќе те пратат дома на боледување затоа што „изгледаш нешто уморна.“
Македонската ракометна репрезентација во следните 10 дена за ЕП 2024 ќе се подготвува во Стара Пазова, Војводина. Предизвикот е тежок, потребна е дополнителна мотивација, а тоа е големиот хит на Дадо Топиќ. Во група сме со Германија, Франција и Швајцарија, а стартуваме против Французите на 10 јануари.
Сите луѓе стареат, тоа е дел од нашата биологија која ни го огрaничува „рокот на траење“ до максимални 120 и нешто години. Но не сите животни искусуваат стареење во текот на животите, барем не на истиот начин. Што е можната причина за ова?
Јокиќ одбележа уште еден триумф на шампионот Денвер Нагетс, откако синоќа во победата против Торонто 113-104 блесна со нов дабл-дабл учинок. Дончиќ запиша трипл-дабл но неговиот Далас Маверикс изгуби од ЛА Клиперс.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски веќе неколку дена во Дубаи тренира и се спрема за новата сезона. Неколку пати е во друштво на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ кој му дава совети за да му ја подобри играта на Калин кој со 19 години има амбиции да го подобри своето место на АТП листата. Во моментов е на 325-та позиција.
На толку сменети клубови, успеси и работа со стотици и стотици играчи во 30 годишната кариера, на 64 годишниот Дон Карло му се простува. А и не дека му е лесно и звучно името за памтење. Aurélien Tchouaméni. Треба да сурфа на нет човек за да му го изговори точно, освен ако не знае француски.
При крајот на годината вообичаено се анализираат изрази и зборови кои биле популарни во „лингва-та франка“ на нашето време, англискиот. Но покрај нив луѓето од цел свет низ своите јазици ги изразуваа своите чувства, желби и стравови, понекогаш измислувајќи зборови кои до тогаш не постоеле, или вадејќи од јазичен „нафталин“ такви кои се подзаборавени.
Во последниот натпревар од 17. коло на шпанска Ла Лига, Жирона го растури Алавес со 3:0 со два гола на сјајниот Украинец Довбик и повторно се врати на чело на табелата, пред Реал Мадрид.
Најголемата македонска тениска надеж повторно учи од најдобриот. Овој пат тренираше со Ѓоковиќ во Дубаи, а потоа заедно се забавуваа и играа одбојка на плажа. Останатите се Горан Иванишевиќ, Виктор Троицки, Хамад Меѓедовиќ и Тимур Гордев.
Налетавме на интересен статус на ФК Коњаре кои споделија видео од последното гостување против Башкими, инаку третолигаши од околината на Скопје. И двете екипи се воодушевени од атмосферата и со право, бидејќи ваква посетеност нема на многу прволигашки натпревари. Па уште и бели ленти има, како во Јужна Америка.
Женската ракометна репрезентација на Франција е нов светски првак откако вечерва во финалето на Мундијалот во „Јиске Банк Арена“ во данскиот град Одензе ја совладаа силната Норвешка 31:28 (21:17).
Два месеца украинските маринци јуришаат преку реката Днепар на југот од земјата, во обид да ослободат територија под руска контрола. Овие операции се последните обиди на украинската контраофанзива да ја пробие руската одбрана. Завршуваат застрашувачки неуспешно.
Фудбалерите на Бохум со 3-0 го совладаа Унион Берлин, а овој меч како и другите од Бундеслига го одбележија навивачите кои до 12-та минута ги бојкотираа натпреварите поради контроверзната одлука на германската фудбалска федерација да изгласа правило со кое се овозможува странски спонзори за истата.
Осумнаесет годишниот Жан-Карло Симиќ денес дебитираше за Милан и на дебито постигна гол веднаш откако влезе во игра со што влезе во книгата на дебитанти-стрелци за росонерите.
После нуклеарната катастрофа се веруваше дека тоа ќе остане трајна црна дупка за живот од секаков вид. Но во последните децении, флората и фауната покажаа извонредна виталност за обновување, а на некои видови им оди и подобро отколку кога таму живееја луѓе. Сега прават и алкохоли од локално одгледан мастраф. Не се радиоактивни, освен ако не претераш, ама тогаш сите ракии се радиоактивни.
Пентагон признава дека американската воена индустрија тешко го одржува ритамот кој го наметнува забревтаната Кина. Велат дека и натаму го прават најдоброто оружје на светот, но не можат да го произведат доволно брзо. Кинезите имаат капацитети кои ги надминуваат не само американските, туку и комбинираното производство на нивните клучни сојузници.
Нептун Македонија ги отвора вратите на новата продавница во петок, на 15.12 во 12.00 часот, на нова и достапна локација, во Ритејл парк Годи, на ул. „Перо Наков“, бр. 108, во нов, уникатен простор.