Луѓе, оваа Жирона изгледа не се зафркава

Во последниот натпревар од 17. коло на шпанска Ла Лига, Жирона го растури Алавес со 3:0 со два гола на сјајниот Украинец Довбик и повторно се врати на чело на табелата, пред Реал Мадрид.

Со два погодоци на младиот украински центарфор Артем Довбик (гол со глава и еден од пенал) и со погодок на Порту, Жирона славеше 3:0 над Алавес. Довбик на тој начин стигна до бројка од дури 10 гола со што го дели второто место на листата најдобри стрелци со Борха Мајорал од Хетафе, а зад Џуд Белингем кој има 13 гола и е прв.

Жирона ја продолжи серијата без пораз на дури 11 меча на кои имаат неверојатни 10 победи! На Реал Мадрид му бегаат два бода, а на Барселона дури девет!

Жирона на 17 меча собра 44 бода и тоа е шампионски поход. Четири пати во Шпанија се случило екипа да има ваков учинок после 17 кола (Барселона 2008/2009, Реал 2010/2011, Атлетико Мадрид 2020/2021 и Барселона 2022/2023) а само Реал Мадрид на крајот не освоил титула после толку освоени бода.

Жирона има 41 гол во Ла Лига а повеќе во Топ-5 лигите имаат само Баерн Минхен (47) и Баер Леверкузен (42). Дури и Манчестер Сити има помалку дадени голови верувале или не.

Сјајниот Артем Довбик има 10 гола и 4 асистенции и тој е еден од лидерите во Топ-5 лигите по број на голови со глава (четири). Повеќе (5) има само Хари Кејн). Довбик до 10 гола стигна на 16 меча во Ла Лига и влезе на вечната листа од 10 играчи-најдобри дебитанти во XXI век. Прв на оваа листа е Роберт Левандовски со 10 гола на 10 меча во дебитантска сезона.

Во следното коло Жирона ќе има сериозен испит, со Бетис на гости и тоа ќе биде шанса 2024-та година да ја завршат како сензационален лидер на Ла Лига. На 1-ви јануари ги чека мега дуел со Атлетико Мадрид.

19 декември 2023 - 09:53