Какво деби на младиот Симиќ за Милан

Осумнаесет годишниот Жан-Карло Симиќ денес дебитираше за Милан и на дебито постигна гол веднаш откако влезе во игра со што влезе во книгата на дебитанти-стрелци за росонерите.

Младиот Жан-Карло Симиќ влезе во игра во 23' минута откако тренерот на Милан Стефано Пиоли беше принуден да го извади од игра Побега поради повреда.

Младинскиот репрезентативен бек и стопер на Србија во 40' минута постигна гол за водство на Милан од 2-0 против Монца. 

Симиќ е член на Милан од 2022-ра година а на „Сан Сиро“ дојде од Штутгарт. Тој беше и на летната турнеја на росонерите во САД а често е на клупата за резерви со првиот тим и игра за младинците.

Милан ја продолжи убавата победничка серија која започна со триумф на тешкото гостување во Њукасл каде обезбеди Лига Европа. Попладнево Миланезите славеа 3-0 против Монца со головите на Рејндерс, Жан-Карло Симиќ и Ноа Окафор.

Симиќ игра стопер, висок е 185 сантиметри а понекогаш настапува и како десен бек. За младиот тим на Милан има 50 натпревари. За младинската У-21 репрезентација на Србија тој има девет настапи и за очекување е селекторот на сениорите на оваа репрезентација Драган Стојковиќ Пикси да го повика и за највозрасната селекција која ќе игра на Евро 2024.

17 декември 2023 - 15:10