Лука Дончиќ постигна 28 поени, 10 скока и 10 асистенции и беше најдобар на паркетот кај Мавси. Дончиќ ја прекина најдобрата серија во историјата на Далас Маверикс и стигна до девет натпревари по ред на кои постигнал најмалку 30 поени. Ваков учинок немаше ниту Дирк Новицки, еден од најголемите легенди во НБА лигата.
Лука беше творец на пресвртот на Далас од -21 поен но на крајот тој промаши и прокоцка три напади за водство и конечен пресврт па ЛА Клиперс заслужено славеше.
Покрај Дончиќ, кај Маверикс ефикасни беа уште и Тим Хардавеј со 21 поен и Дерик Џоунс со 19 поени. Овој натпревар поради повреда го пропушти Кајри Ирвинг.
ЛА Клиперс ја забележа дури деветтата победа по ред што е најдобар учинок во лигата сезонава. ЛА Клиперс до нова победа го водеа Кавај Ленард со 30 поени, 10 скока и пет асистенции, Норман Пауел со 21 поен и Џејмс Харден со 17 поени, 11 асистенции и пет скока.
Никола Јокиќ во победата на Денвер Нагетс над Торонто Репторс за 38 минути на теренот постигна 31 поен со 15 скока и шест асистенции за рекорден 400-ти дабл-дабл учинок во НБА кариерата. Србинот шутираше 13/23 од игра со 3/5 за три поени и 2/3 од слободни фрлања.
Интересно Јокиќ на овој дуел со Репторс ги промовираше новите патики кои ќе ги носи од новиот кинески бренд „361 Degrees". Српскиот репрезентативец и МВП на минатосезонското финале потпишал долгогодишен договор со кинескиот производител и веќе нема да носи патики од американскиот бренд Најки.
Овој кинески бренд е најголем спортски бренд во оваа земја и основан е пред 20 години во градот Сиамен. Има речиси 6.000 продавници во цела Кина и преку 8.000 во целиот свет. Во 2022-ра година завршиле со вкупен приход од околу 800 милиони долари.
OFFICIAL: Reigning Finals MVP Nikola Jokic has signed a multi-year signature shoe deal with 361. 📄✍️
— Nick DePaula (@NickDePaula) December 21, 2023
The Joker will become a leading global face of the Chinese brand. pic.twitter.com/bCWHwoxZ97
For the first time in his career, former MVP Nikola Jokić isn't wearing Nike. Tonight, he's playing in the Big3 Future CQT by Chinese brand 361°. It's been rumored that he and Nike have decided to part ways. pic.twitter.com/ll8hIgt53h
— Complex Sneakers (@ComplexSneakers) December 21, 2023
Покрај Јокиќ одлина вечер имаа уште и Џамал Мареј со 20 поени, 5 скока и 6 асистенции, како и Арон Гордон кој уфрли 12 поени со 5 скока и 2 асистенции.