- Најмалку 10 (едит: 15) лица се убиени а 30-тина ранети, од кои голем број во животна опасност, во пукање во Универзитетот во центарот на Прага.
- Напаѓачот е или ликвидиран или сам се фрлил од зградата кога го опоколила полицијата. Можно е дека користел пушка со снајпер.
- Чешки медиуми јавуваат дека нападот го извел 24 годишниот чешки студент, Давид Козак. Пред нападот, дома го убил татка си. Бил наградуван студент а се инспирирал од Алина Афанаскина, 14-годишната девојка која на почетокот на декември отвори оган во училиште во Брјанск, Русија, при што уби две лица, рани уште пет други па се самоуби. Последниот пост му е од 19 декември кога пишува за неподносливо зуење во ушите.
- Коазак се поврзува со уште едно двојно убиство од пред една недела кога убил двомесечно бебе и неговиот татко
- Целото централно градско подрачје е затворено за да се елиминира можноста да имало и други кои учествувале во масовното убиство. Полицијата ги советувашe граѓаните да не излегуваат од дома.
- Некои студенти се забарадикадирале во просторите во кои се нашле додека траел нападот, други се криеле на симсот на зградата.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.