- Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави скратениот список на играчи кои ќе конкурираат за Европското првенство. Претходно на првичниот поширок список имаше 35 ракометари а сега се 19.
- Европското ќе се игра во Германија од 10-ти до 28-ми јануари а Македонија е во најсилната група со гигантите Германија и Франција како и со Швајцарија.
- На 10-ти јануари Македонија ќе отвори на фудбалски стадион пред повеќе од 20.000 гледачи против Франција од 18:00 часот. На 14-ти избраниците на Лазаров ќе играат со Германија од 20:30 часот а на 16-ти од 18:00 часот со Швајцарија.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.
- Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ и најзаслужен за две европски шампионски титули, Грузиецот Хвича Кварацкхелија синоќа пружи извонредна партија во победата 4:2 против Барселона, но за жал се повреди во 59' минута при еден дуел со Чави Еспарт и не можеше да го продолжи натпреварот.
- Денешните и синоќешните снимки покажале дека Кварацкхелија ги скинал предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди кај спортистите. Го очекува пауза најверојатно до крајот на сезоната, односно околу 8-9 месеци.