Нов трипл-дабл и нов интересен рекорд за Никола Јокиќ

Воден од својот лидер Никола Јокиќ, НБА шампионот Денвер Нагетс забележа нов триумф. Овојпат беа подобри од Бруклин Нетс со 124:101

Српскиот репрезентативец го запиша својот 115. трипл-дабл во НБА кариерата и десетти сезонава со што стана единствен играч во најдобрата светска лига кој седум сезони по ред има двоцифрен број на трипл-дабл учиноци.

Никола Јокиќ играше 30 минути и забележа 26 поени, 15 скока и 10 асистенции и по неволјите во Чикаго со судиите, сега конечно заигра во свој ритам. Денвер Нагетс ја оствари третата победа по ред или 17-та сезонава. Интересно ова беше 10-ти триумф на Денвер на 11 домашни меча во Колорадо.

„Еј со Никола животот е полесен. Он е толку добар играч - 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, со таква леснотнија и ефикасност прави се. Но она што најмногу ме радува кај него е неговата одбрана. Сакав да биде агресивен. Сакам да биде на тоа ниво да ги ремети противниците и мислам дека вечерва постави стандарди во таа смисла“, воодушевен беше тренерот на Денвер Нагетс Мајкл Мелоун од Србинот.

Во тимот се врати и Џамал Мареј после пауза од речиси еден месец и постигна 16 поени а голем учинок во победата имаше уште и Пејтон Вотсон со 18 поени. Кај Нетси Спенсер Динвиди беше најефикасен со 18 поени.

15 декември 2023 - 09:02