
Се работи за Мајкл Есиен од Гана кој по одличните настапи во Челси, летото 2012-та замина на појзамица во Реал Мадрид, но само на една сезона. Потоа се врати во Лондон каде освои 9 трофеи, меѓу кои и Лига на шампиони.
Кога играчот од среден ред требал да полни 30 години, решил да го покани на роденден цел тим на Реал Мадрид. Но на роденденската забава се појавиле само двајца играчи, Модриќ и Карваљо.
Плус Жозе Мурињо со кој беа многу блиски до толку што се сметаа меѓусебно како татко и син.
Во книгата „Жозе Мурињо: одблиску и лично“, новинарот Роб Бисли откри:
„Мурињо рече дека Реал е политички клуб со завојувани фракции и ми раскажа како Есиен на својот 30-ти роденден ги поканил сите, но се појавиле само неколку.
Тој мораше да го утеши Еисен, велејќи му дека тоа не е ништо лично и дека тоа не значи дека играчите не го сакаат, туку тие едноставно се занимаваат само со себе и имаат попаметни работи да прават“.
Реал сезоната 2012/2013 ја заврши со празни раце, како втор во Ла Лига и во Копа дел Реј и со пласман во полуфинале во ЛШ.
Инаку таа сезона настапуваа Касиљас, Варан, Пепе, Рамос, Коентрао, Кедира, Роналдо, Кака, Бензема, Озил, Марсело, Чаби Алонсо, Арбелоа, Албиол, Игуаин, Калехон, Ди Марија, Начо Каземиро...
Дури и има и песна на таа тема