На 30-ти декември се одигра големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Победија зелено-белите 2-1 во жесток дуел во кој стрелец беше и еден од многуте Јапонци во тимот, Киого Фурунаши. Синоќа Селтик играше пак, против Сент Мирен на гости и победи 0-3 а првиот погодок на мечот уште во 54’ секунда беше дело на Јапонецот Маеда.
На времето, кога беше јак, некогашниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани, великодушно се откажа од пензијата која му следуваше, препуштајќи ги парите на градот кој го водеше. Сега кога е рикавела и мораше да прогласи личен банкрот, поштено се кае што дигнал раце од таа добивк, која досега ќе му донесеше околу половина милион долари.
На 30 декември, Нетфликс го објави документарецот за Мундијалот во Катар, направен во шест епизоди. Мислевме дека сè сме виделе од тоа аргентинската бараба, која ги спаси своите со ненормална одбрана во 123-та минута, ама овој детал го немаше во преносот.
Словенецот Анже Ланишек го забележа најдобриот резултат во квалификациите во Инсбрук, третата станица од новогодишната традиционална турнеа „Четири скокалници“.
Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.
Новак Ѓоковиќ го збриша Јиржи Лехечка со 3:0 (6-1, 6-7, 6-1) и со тоа го израмни резултатот против Чешка на Јунајтед купот во Перт на 1:1. Погледнете го поенот на човекот за кој не постои прасечко и руска. Накај 37 години се ближи.
Кога Марио играше за Интер беше уште позелен од сега, бидејќи имаше 18, 19 години. Жозе го викнал на состанок во канцеларија, а слепецот отишол квалификации за Формула 1 да гледа.
На два дена пред истекот на годината, се случи промашувањето на годината. Ова е нешто посебно, бидејќи не е утка како на некои други кои знаат да го промашат само голот. За негова среќа, тимот му победи. Хадерсфилд - Мидлсброу 1:2. Царот е Исаја Џонс.
Приказната датира од Мундијалот 1966 во Англија, кога германски судија требал да санкционира аргентински фудбалер, ама не знаел јазик. Инспирација биле семафорите, а тестот бил успешно завршен на следното Светско.
Нема многу време за сумирање и правење осврти за неговите игри. Само што ќе објавиме нешто за овој човек, следува нова негова неверојатна партија, како да е најнормално и најлесно така да се игра и доминира во НБА.
И покрај тоа што веќе неколку години организаторите на најпознатата светска турнеја во скијачки скокови - Четири скокалници имаат сериозни проблеми со недостиг на природен снег, сè е спремно за ново издание на овој спектакуларен тур.
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој е на 326. место на АТП листата, во објава на Инстаграм му се заблагодари на великанот Новак Ѓоковиќ со кого во тренинзи и дружба помина десетина дена во Дубаи.
Суперѕвездата игра во неверојатна форма и веќе неколку натпревари е нерешлива енигма за сите ривали во НБА. Само што соиграчите не го следат доволно добро, па не може се сам. Далас Маверикс синоќа изгуби 113:110 од Кливленд Кавалирс на домашен терен. Дончиќ уфрли 39 поени со седум скока и шест асистенции.
Детроит Пистонс синоќа изгуби од Бруклин Нетс 118-112 и со тој пораз постави нов негативен рекорд со дури 27 порази по ред во лигата што е апсолутен рекорд.
Можеби се уште не сте дојдени до таму, но прашањето што да се чита следно на одредена возраст нема врска само со изборот на жанр или автор, туку и со нешто многу подлабоко - времето се тенчи и ваквата одлука е многу посериозна отколку што изгледа на прв поглед.
Ембраер легаси 600 авионот на Пригожин, лета околу 30 минути на висина од околу 28.000 стапки, пред да биде активиран експлозивот кој претходно на аеродромот во Москва беше поставен под крилото на авионот. Загинуваат сите 10 луѓе во авионот, вклучително и Пригожин.
Кенан Јилдиз е роден на 4-ти мај 2005-та година. Има само 18 години а веќе важи за најголема надеж во големиот Јувентус. Тој е роден во германскиот град Регензбург каде почнал да игра фудбал во клубот Салерн како мал. Стигнува и до академијата на Баерн Минхен а Јувентус во јули 2022-ра го зема како слободен играч.
Фенербахче и Галатасарај одиграа без голови, ама турско дерби од таков калибар не може да помине тивко. Мауро Икарди објави слика од помодрено око. Мислевме дека му е од стативата, со која имаше доста близок и непријатен контакт, но модрицата му е од удар од противнички играч.
Лука Дончиќ беше хит на вечерта во НБА. Пред големото дерби на Тексас со Сан Антонио, фантастичниот Дончиќ се кладел со тренерите дека ќе погоди од пола терен и тоа свртен со грб. Кладбата била склекови па на тренерите не им останало ништо друго.
Бразил троши 13% од целиот свој бруто домашен производ на плати и пензии за државни службеници. Огромен апарат од прилично неефикасни и неретко корумпирани лица кои живеат на државен трошок. Притоа, како и овде, глумат незаменливи, демек извршуваат сериозни државни, градски и управни задачи и операции. Како и овде, не се ни свесни дека во врат им диши ЧетГПТ.
Се вика „Captains of the world“, направен е со капитените на сите 32 земји учеснички на Мундијалот, меѓу кои Меси, Роналдо, Мбапе, Модриќ, Кејн, Бејл...Ќе има 6 епизоди, а радоста е уште поголема, што нема многу да чекаме. Стартува на 30 декември.
Пред традиционалното сезонско повторување на битката меѓу Кевин Мекалистер и двајцата провалници (познати како Мокрите бандити) Њујорк тајмс седнува да пресмета колку пари има семејството што со комбиња патуваше до аеродром за да лета до Париз за Нова година и живее во толкава куќетина.