Калин му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој е на 326. место на АТП листата, во објава на Инстаграм му се заблагодари на великанот Новак Ѓоковиќ со кого во тренинзи и дружба помина десетина дена во Дубаи.

„Сакам да му се заблагодарам на Новак Ѓоковиќ и неговиот тим за овие 10 неверојатни дена. Беше задоволство да се биде повторно на теренот со тебе“, напиша Калин. 

28 декември 2023 - 10:07