Повеќето градоначалници на Њујорк земаат пензија кога ќе ја напуштат функцијата, но кога му заврши времето на Руди Џулијани во историската 2001 година, тој не поднесе барање за пензија.
Неодамна прогласи банкрот по судската одлука со која му се наложува да им плати на двајца изборни службеници во Џорџија скоро 150 милиони долари, затоа што неправедно ги обвини за изборни дубари. Плус има големи долговина сите страни.
Во таква ситуација Џулијани вели дека не би имал ништо против сега да ги имаше тие пари.
Инаку, му следуваше пензија од 26.000 долари годишно откако ќе наполни 62 години. Денес тој има 79 години што значи дека до денес ќе се потсобереа околу 442.000 долари.
Запрашан зошто никогаш не поднесе барање за пензија, Џулијани вика:
„Сакав да му се оддолжам на градот кој го сакам. Ама, немаше лошо да ми дојдат тие пари сега“.