Икарди се заби во статива како никој

Фенербахче и Галатасарај одиграа без голови, ама турско дерби од таков калибар не може да помине тивко. Мауро Икарди објави слика од помодрено око. Мислевме дека му е од стативата, со која имаше доста близок и непријатен контакт, но модрицата му е од удар од противнички играч.

Снимката на која аргентинскиот напаѓач доби бокс во лице. 

Од Галатасарај реагираа со соопштение поради ударот врз Икарди:

„ВАР собата и 26 камери не можат да видат. Се срамиме во нивно име за ова што се случи. Се надеваме дека тие што го доведоа турскиот фудбал до ова дереџе, ќе се засрамат еден ден. Оние кои сакаат правда за себе продолжија да манипулираат со турскиот фудбал на секој канал“. 

„Се обидувате да создадете жртва преку играчот кој се удри во стативата“, возвратија од Фенербахче кои очигледно го игнорираат боксот кој го доби Икарди. 

25 декември 2023 - 08:33