
Кенан Јилдиз играл лани кратко за младинците на Јуве после што е прекомандуван во првиот тим кај Алегри. Дебитираше за бјанконерите на 20-ти август 2023-та кога од клупа за резерви влезе на мечот со Удинезе.
Јилдиз го краси одлична техника, тој е брз и вешт дриблер а најчесто игра на позицијата зад напаѓачите како организатор на играта, плејмејкер. Сега викендов, во саботата го постигна првиот гол за Јувентус и тоа како стартер од почеток во триумфот 1-2 против Фрозиноне на гости.
Проценетата пазарна вредност на Кенан Јилдиз според Трансфермаркт.де е 10 милиони евра, а за него веќе се распрашувале луѓе од некои големи европски клубови.
Тој сезонава веќе има 7 настапи за Јувентус, најчесто од клупата за резерви. Се очекува да заигра и на големото дерби со Рома на 30-ти декември од 20:45.
Кенан Јилдиз веќе има и 3 настапи за сениорската репрезентација на Турција која не сакала да дозволи да го пропушти како многу таленти досега ширум светот. Претходно Јилдиз играл и за Турција У-17 и за Турција У-21.
Интересно татко му е Турчин а мајка му Германка, но тој решава да заигра за Турција.
Фудбалската судбина сакаше токму првиот гол за репрезентцијата да му биде против Германија во ноември годинава во Берлин каде Турците пред речиси 60.000 свои навивачи славеа со 2:3 во пријателски меч.