Сите четири скокалници добиле зелено светло, а самата турнеја е предвесник на Нова година и Божиќ, а за зимските скокачи не постои поголем трофеј кои би го освоилле. Пехарот „Златен орел“ е раме до раме со Големиот кристален глобус од Светскиот Куп или олимпиското злато затоа што до него се доаѓа по многу тежок пат.
Како што и самото име кажува, турнејата Четири скокалници има четири станици: Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен. Четирите најпознати скокалници на светот ги делат нешто повеќе од 400 километри, а натпреварите во скокови на нив се одржуваат 10 дена.
Традиционално, турнејата ја отвора Оберсдорф на 28. декември за кога се закажани квалификациите додека главното натпреварување на оваа скокалница е ден подоцна. Потоа следи култниот Гармиш каде квалификациите се одржуваат во последниот ден од годинава, а главните скокови се планирани за првиот ден од Новата 2024-та. Потоа следи селидба во Австрија каде прво се скока во Инсбрук на 4-ти јануари, а потоа следи големото финале во Бишофсхофен два дена подоцна.
Сезонава постоеше голем знак прашалник за натпреварувањето во Бишофсхофен поради сериозна лавина минатата недела но сета штета била санирана. Околу 100 луѓе секојдневно работеле со цел штетата да се санира и се е спремно Бишофсхофен да ги нагости најдобрите скокачи на светот за големото финале на турнејата.
Што се однесува до скоковите во рамки на Четири скокалници, самото натпреварување се разликува во однос на останатите од Светскиот Куп. На Четири скокалници 50 скокачи кои ќе ги поминат квалификациите се делат во две групи и во рамки на главното натпреварување се борат во дуели. Победниците на тие дуели, без оглед на должината на скоковите поминуваат во втора серија во која им се приклучуваат уште петмина таканаречени „среќни губитници“ (лаки лузери) односно најдобрите меѓу поразените.
Бодовите освоени на сите Четири скокалници се собираат и на тој начин се добива победникот кој ќе ја добие вредната награда „Златен орел“. Тоа ќе биде оној кој ќе направи најмалку грешки од 12 обиди од залетувалиштето - осум пати во рамки на главното натпреварување и четири пати во квалификациите.
Во текот на историјата неколку пати сме сведочеле совршени победи иако долго време изгледаше дека такво нешто не е можно. Совршена победа е онаа на скокачот кој ќе слави на сите Четири скокалници.
Прв кој го стори тоа беше Свен Ханавалд во сезоната 2001/2002. Тој стана првиот во историјата кој победил на сите Четири скокалници од Новогодишната турнеја. Потоа се чекаше 16 години некој да го стори истото додека не се појави неверојатниот Камил Стох а една година после него и сјајниот Ријоу Кобајаши.
Интересно, покрај трите случаи на совршени победи, има и победници кои немале ниту еден триумф на четири скокалници на турнејата. Така пред 25 години легендарниот Финец Јане Ахонен стигнал до прва од вкупно пет титули на Четири скокалници.
Еднаш се случило Ахонен на крајот да има ист број бодови со Јакуб Јанда па го поделиле првото место. Никогаш ни претходно ни подоцна не се случило нешто слично.
Јане Ахонен е рекордер со пет „Златни орли“ а по број на шампионски титули од Четири скокалници го следат Германецот Јенс Вајсфлог кој има четири пехари, а по три имаат Германецот Хелмут Рекнагел, Норвежанецот Бјерн Виркола и Полјакот Камил Стох.
Од актуелните скокачи покрај Камил Стој кој се уште се натпреварува, титули на Четири скокалници имаат уште Кобајаши, Австриецот Штефан Крафт, Словенецот Петер Превц и актуелниот првак Халвор Егнер Гранеруд.
Во моментов фаворит според тоа како скока во досегашниот дел од сезоната е Штефан Крафт кој е двократен освојувач на Кристалниот глобус од Светски Куп а од старт на сезонава дури пет пати се качил на победничкиот подиум. Во моментов во генералниот пласман Крафт има дури 222 поени преднос во однос на Германецот Андреас Велингер.
Сезонава сладоста на победите ја почуствуваа уште и Германците Карл Гајгер и Пијус Пашке па треба и нивните скокови будно да се следат. Во одличн форма се и олимпискиот шампион Мариус Линдвик а Гранеруд не скока нималку добро како минатото сезона.
Од сенка по трофејот ќе јуришаат Велингер, Јан Херл, Кобајаши и Словенецот Анже Ланишек.
Распоред на турнејата Четири скокалници:
Оберстдорф:
28. декември 16:30 квалификации
29. декември 17:15 скокови
Гармиш-Партенкирхен:
31. декември квалификации
1. јануари 14:00 скокови
Инсбрук:
2. јануари 13:30 квалификации
3. јануари 13:30 скокови
Бишофсхофен:
5. јануари 16:30 квалификации
6. јануари 16:30 скокови
Извор: Sportklub