Дончиќ погоди од пола терен зад грб и доби кладба

Лука Дончиќ беше хит на вечерта во НБА. Пред големото дерби на Тексас со Сан Антонио, фантастичниот Дончиќ се кладел со тренерите дека ќе погоди од пола терен и тоа свртен со грб. Кладбата била склекови па на тренерите не им останало ништо друго.

Пред домашните навивачи Далас Маверикс го разби Сан Антонио 144:119 а Лука Дончиќ уфрли трипл-дабл: имаше 39 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Дончиќ од игра шутираше 13/27 а за три поени 5/10. Одлични беа уште и Тим Хардавеј со 23 поени и шест скока а Данте Егзум додаде 20 поени, седум скока и четири асистенции.

Кај Сан Антонио Спарс први стрелци беа Сочан со 23 поени и девет скока, Џонсон со 16 поени, Колинс и Мамукелашвили запишаа по 14 поени. Далас Маверикс има учинок од 17 победи и 12 пораи и е на 6-то место на Западот а Сан Антонио Спарс има само четири триумфи и дури 24 порази. 

24 декември 2023 - 14:47