Да, ракометот е игра во која тркалата брзо може да тргнат удолу, но оние кои некогаш ги красеше борба, желба, волја, храброст, знаење, овојпат изгледаа како попарени почетници. Или можеби само немаа достоен предводник од клупата. Австрија - Македонија 32-28 (18-12).
Есапот за денеска е јасен, само нели нашите не треба да го заебат. Со победа против домаќинот Австрија од два гола разлика одиме во следна фаза, без разлика од исходот на Чесите против Украина кои играат после нас од 20:30.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Се врати во Милан. Не му требаше долго време за да покаже зошто е дојден. На првиот меч против Сампдорија влезе од клупата за резерви и одигра 35 минути, а на вториот меч даде гол, намести еден и одигра одлично.
За првиов само небото е граница, а вториот ги пушти пипците и одигра блескава партија. Македонија ја победи Украина со звукот на сирената откако капитенот се крена од 9 метри и со дрзок шут го реши натпреварот. Не е нормален како го изведе тоа.
Освен што е за празничко уживање, месец јануари е задолжителен месец и за ракометно следење, бодрење, а понекогаш и нервирање со нашите. Додека ние правевме гезмиња, тие тренираа и се потеа за да го извадат најдоброто од себе. Напред момци и кога не нервирате навиваме за вас.
Иако не може да постои нешто што се вика така (види: „Ако е од бадем не може да е млеко“) тоа чудо сè повеќе и повеќе се троши како лудо. „Кога ги пуштаме пчелите меѓу бадеми, како да ги праќаме во војна,“ вели еден американски пчелар обелоденувајќи ја смртоносната опсесија зад опсесијата со бадемите.
На листите на најморонски обиди за спортување се најде и овој неофицијален турнир во тоа кој подолго ќе седи во сауна. Турнирот завршил трагично откако еден Русин решил да „гине за саунски идеали“.
Поживеа 88 години, од кои повеќе од 50 правеше инсталации од случајно најдени предмети, колажи кои комбинираат текст и фотографии, и генерално си играше со различни медиуми. До крајот на животот се држеше до своето мото - да не прави здодевна уметност.
Од големиот трансфер на Швеѓанецот со македонско потекло во Јувентус најмногу причини за задоволство има Аталанта, а задоволно се смешка и шведскиот клуб Бромапојкарна.
Периодот околу Нова година и верските празници е време за нови почетоци и простувања, ама така не мислеле и во затворот во Сиенегиљас, град во Мексико.
Иако во последно време за него се зборува само преку трагедијата од пред 6 години кога тешко се повреди на скијање на француските Алпи, легендарниот Михаел Шумахер ден-денес е владетел на некои големи подвизи и рекорди во Формула 1.
Многу ќе беше подруго сега да пишувавме наслови од типот: Македонскиот репрезентативец Дејан Кулушевски направи сензационален трансфер во Јувентус за 35 милиони евра на само 19 години, ама јебига. Останува само да утврдиме што дете сме испуштиле. Нека му е со среќа.
Точно е дека Меси имаше нова извонредна сезона со 50 погодоци, ама Левандовски 2019-та ја заврши со 54. Пољакот е ненаситен и оваа година и само сезонава која е до пола има постигнато 30 комада. Баерн Минхен се обиде да ги издвои најубавите и најважните за изминатата година.
Џордан, Пипен, Брајант, Леброн, Меџик Џонсон...Еден куп актуелни и поранешни НБА ѕвезди твитнаа по нешто за легендарниот Дејвид Штерн и напишаа дека се горди што се ракувале со него. Најдобрата потврда за тоа каков револуционерен лик беше ќе ви ја даде тој што го наследи.
По седум години Златан Ибрахимовиќ направи кам бек на Сан Сиро, каде во оваа очајна состојба за клубот со душа го чекаат за да им помогне. Изјави дека се враќа дома, а на аеродром го пречека Ѕвонимир Бобан со кој на писта ја врзаа малку и на српски.
Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.