Италијанските медиуми денешниот ден го нарекуваат Z–Day. А и така e, кога ќе видите каква еуфорија владее за големата светска ѕвезда. Всушност двајца играчи во Италија со потекло од Балканот денеска се во центарот на вниманието.
Дејан Кулушевски кој играше за Македонија У-17, а потоа ја избра Шведска, направи спектакуларен трансфер на 19 години во Јуве за 35 милиони евра, а Златан кој има босанска жичка се врати во Милан.
Договорот на 38 годишната машина за голови изгледа вака:
- Шест месеци престој за плата од 3,5 милиони евра
- Ако одигра 50% од мечевите, автоматски ќе добие нов едногодишен договор со плата од 6 милиони евра.
- Ако Милан излезе во Европа ќе добие премија од 500.000 евра.
Швеѓанецот слета во 11:30. За денеска му се закажани лекарските прегледи, а утре е пресот за презентација. Тешко дека ќе дебитира на 6 јануари против Сампдорија. Поголема е веројатноста дека тоа ќе се случи на 15 јануари во Куп натпреварот против СПАЛ.
Бобан го пречека на писта. Зборуваа дел на српски, дел на италијански.
IZ landed 🛬
— AC Milan (@acmilan) January 2, 2020
And we have touchdown, @Ibra_official! #IZBACK pic.twitter.com/OiSl9whReP
Навивачите висеа на огради
Обезбедувањето на маки: Нема да излезе ако стоите тука.
Zlatan #Ibrahimovic è appena arrivato alla clinica la Madonnina di Milano per sostenere le visite mediche: comincia ufficialmente l'iter della sua seconda avventura al #Milan. "Sei felice? Molto" 🔴⚫
— MilanNews.it (@MilanNewsit) January 2, 2020
.
🎥: @TRolfi pic.twitter.com/HyEUeWjnlM