Приказната со Златан Ибрахимовиќ во американската МЛС лига и дефинитивно завршување, откако и самиот стави крај со пост на социјалните мрежи.
Шведскиот ветеран за кој е малце глупаво и да кажеме дека е ветеран со оглед на тоа како игра, стави крај на авантурата во САД со фантастична реализација од 52 гола на 56 МЛС средби.
Па кој друг го може ова на 38 години?
А сега неговата Златан одјава:
„Дојдов, видов, освоив. Благодарам Лос Анџелес Галакси што ме направи повторно жив“.
„До навивачите на Галакси: Го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Добродојдени сте“.
„Приказната продолжува...сега вратете се на гледање бејзбол“.
Од Галакси изјавија:
„Од неговото пристигнување во 2018-та, Златна позитивно влијаеше на фудбалот во Лос Анџелес. Ние сме благодарни за неговата работна етика и страст. Му за заблагодаруваме за неговиот професионализам и неизмерно влијание врз фудбалскиот народ во ЛА и Северна Америка во целина“.
Ова е потврда дека си заминува, ама нема ништо официјално каде. За сега се е предмет на шпекулации, а го поврзуваат со Милан, Болоња, Манчестер Јунајтед...
I came, I saw, I conquered. Thank you @lagalaxy for making me feel alive again. To the Galaxy fans - you wanted Zlatan, I gave you Zlatan. You are welcome. The story continues...Now go back to watch baseball pic.twitter.com/kkL6B6dJBr
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 13, 2019
Клик тука за да ги видите сите негови голови за Галакси и клик тука за да знаете што се случувало на 48 часа пред неговото деби на кое блесна и тоа на градското дерби.