Секој член од НБА семејството е корисник на неговата визија

Џордан, Пипен, Брајант, Леброн, Меџик Џонсон...Еден куп актуелни и поранешни НБА ѕвезди твитнаа по нешто за легендарниот Дејвид Штерн и напишаа дека се горди што се ракувале со него. Најдобрата потврда за тоа каков револуционерен лик беше ќе ви ја даде тој што го наследи.

Адам Силвер го зазема местото Дејвид Штерн во 2014-та година и можеби тој најдобро знае каков работник беше. По повод неговата смрт излезе со соопштение со кое кратко и јасно го објаснува ликот и делото на човекот кој практично му ја сервираше НБА лигата на светот.

„22 години имав резервирано место да го гледам Дејвид во акција. Тој ми беше ментор и еден од најдрагите пријатели. Поминавме безброј часови во канцеларија, во арените, во авионите и секаде каде што беше играта. Како секоја НБА легенда, така и Дејвид имаше извонреден талент, но кај него секогаш се работеше на фундаменталните работи – подготовка, внимание на детали и напорна работа.

Дејвид ја презеде НБА во 1984-та кога лигата беше на крстопат. Но во текот на 30 години како Комесар, ја активираше во современа глобална НБА. Почна со медиумите и маркетинг партнерствата, дигиталните средства и програмите за социјална одговорност кои ја однесоа играта до милијарди луѓе во цел свет. Токму поради Дејвид, НБА е вистински глобален бренд што го прави не само еден од најголемите спортски комесари на сите времиња, туку и еден од највлијателните бизнис лидери од неговата генерација.

Секој член на НБА семејството е корисник на неговата визија, дарежливост и инспирација. Нашите најдлабоки сочувства одат кај неговата сопруга Дајан, синовите Ендру и Ерик, како и нивното пошироко семејство. Ја споделуваме нашата тага со сите кој го допре оваа тажна вест“.

Моментот кога го назначи Адам за негов наследник

За Штерн има уште многу што да се каже.

2 јануари 2020 - 15:35