Во многу предизвици - лични и професионални - нѐ уназадува парализирачката мисла дека не можеме никако да триумфираме, со оглед на она што го знаеме за себе: колку сме упорно глупи, анксиозни, невнимателни, вулгарни и досадни.
Просторот на слобода некогаш беше заедничко и јавно добро, комунална катастарска единица. Тоа јавно добро денес е приватна парцела. Но, ако целата слобода на нашиот свет е тој тесен прозорец за 280 карактери на Твитер, јас, благодарам за понудата, од таа слобода со радост се отпишувам.
Минатата година, додека уште имавме ентузијазам дека ова „ќе заврши кај и да е“ и се правеа забавни работи на тема - пандемија, Сет Мекфарлан (Family Guy) започнува серија, со крајна цел да се соберат пари и да се помогне на здравствените и останатите работници во први редови.
На пример: Да немаш етикети на кутиите за шеќер, кафе и слично… Не биле минималистички, затоа што ти го „гужвале погледот“? Дека не гледаш во чиста површина, и наводно, тоа се косело со минимализам.
Колку е тешко само да се замисли, а не да се постигне: Кире Лазаров стана единствениот ракометар на светот со голови во 4 децении на Светски првенства. Првиот погодок на Мундијал го даде во 1999-та во Египет, а вечерва во истата земја после цели 22 години одново стрелаше прецизно.
Треба да ти текне - во еден совршен спој на вечни вредности и минливи трендови, а како потврда дека ТикТок е медиум што плаче за докторати - да прикажеш како се преведува Мона Лиза во парчиња облека.
Сега откако „љубовта на столетието“ е пред крај (за тие што не знаат, Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат), светските медиуми радо се сеќаваат на сите идиотски и помалку идиотски моменти од неа. За денес, поклони од Канје за Ким. Некои во ред, некои тешка глупост.
Нова книга го отфрла популарниот мит дека вежбањето е нешто што природно им лежи на луѓето. Мала прелиминарна утеха за да ги поминеме празниците легачки.
Повторуваме cat eye. Не, не за нова година - ако сте паметни ќе си седите дома, туку ете така, одамна не сме повториле, а повторувањето е мајка на знаењето.
Рајдер и Деп беа од оние совршени холивудски парови осудени на неуспех заради моментот во кој се споија. Секоја слика од нив двајца заедно вришти „девеести!“ и по светов уште има луѓе што никако да ги прежалат.
„Дозволени“ и пожелни се за лингвистички проучувања, за хумор и сатира. Но како што и кај нас „зачислува“ тешко би можело да се пробие како замена за „инклузивност“, и во француските интелектуални кругови не сакаат такви кои не зборуваат литерàтурно.
Забелешка за надлежните: Колку и да е банално, сфатете го ова како дел од СВЕСНА и ПРИВАТНА анти-бугарска пропаганда, зашто законите не забрануваат анти-бугарски, анти-монголски или анти-хавајски пропаганди а глупо е во Македонија да постои само про-бугарската пропаганда на Заев и неговите колаборационисти. За поефикасна борба против нас, најдолу ви подаруваме едно гратис средство.
Споменот на нивните животи денес се отфрла како неважен статистички податок, во обид да се - што? Нејасно е. Јасно е само дека од неукост, неинформираност, незнаење, злоба, лични интереси, или сѐ горенаведено, некој свесно, макијавелистички одлучува дека овие 7.762 души не се толку битни кога се работи за иднината.
Мајк Тајсон на времето уриваше не само спортски рекорди (најмлад и апсолутен светски шампион во историјата на тешка категорија), но и финансиски. Викендов сабота спрема недела после цели 15 години ќе се врати во рингот и ќе боксува против стар ривал.
Стручна комисија на Универзитетот во Белград, по пријава на студент, утврдува дека професорка од Економскиот факултет во свој превод на учебник презела 150 страници од претходно издание на истата, потпишани од покоен постар колега. Но начинот на кој е извлечен овој заклучок е прилично спорен и остава простор за различни толкувања.