Гениј е гениј и на 40 години

Колку е тешко само да се замисли, а не да се постигне: Кире Лазаров стана единствениот ракометар на светот со голови во 4 децении на Светски првенства. Првиот погодок на Мундијал го даде во 1999-та во Египет, а вечерва во истата земја после цели 22 години одново стрелаше прецизно.

Генијалецот роден во Свети Николе даваше голови на Мундијалите: во Египет 1999 година, во Хрватска 2009 година, во Шпанија 20213, во Катар 2015, во Франција 2017 и Германија и Данска во 2019 година. Вечерва во Египет против Шведска постигна 5 од кои еден беше бравура:

 

14 јануари 2021 - 22:39