Замисли вака да знаеш да нашминкаш око

Повторуваме cat eye. Не, не за нова година - ако сте паметни ќе си седите дома, туку ете така, одамна не сме повториле, а повторувањето е мајка на знаењето.

Хиндаш ако не сте го начекале, сега е право време да го заследите кај и да треба затоа што работите што ги прави се врхунски. Од него собиравме совети како се шминка зрела кожа, сега едноставно собираме - мачкаст туш.

Откако ќе си набиете комплекси дека не ја спремате кожата со сите тие чекори само за да дојдете до течна пудра - ете го. Цела процедура е за да се стигне до таму, но, како што рековме - замисли да научиш сама ова да си го правиш?

Патем, топла препорака за Caudalie (има на видеото), може да се нарача од овде (да, испорачуваат до тука, испробано).

22 декември 2020 - 09:17