Неделна доза ентериер:

Што добиваш за 1500 долари месечно во Њујорк?

Кај нас добиваш куќа на Водно, ама ова е Њујорк Сити. 

До сега научивме дека Њујорк е прескап, ама ако сакаш да живееш каде што ти живеат филмските херои - тоа е. Девојката што го споделува своето искуство, има најдено студио во Бруклин за 1500 долари, во мало зградиче, што реално личи на „беспари“ ако сте во тек со типот што живееше на таван за 450 долари. Не таван како соба на таван уредена за основни потреби - таван со ништо.

На снимката изгледа импресивно затоа што девојчето всушност има најдено еднорог - за разлика од повеќето од таа категорија во Њујорк, овде има пространа дневна, кујна со нормална големина, бања и два плакари.

Средено е во духот на „Ако уредуваш стан, мора ли сѐ ново?“ (трпезариската маса е на пример буквално најдена во ѓубре), плус со внимание на естетика за мал простор што може ќе ви се најде.

14 јануари 2021 - 13:57