Неделна доза ентериер:

Што добиваш во Њујорк за 5000 долари?

Влегуваме кај една што се вика „Кралица на самодовербата”. Да не знаеш дали да се нервираш, или да дозволиш да те инспирира, затоа што - нова година, новогодишни одлуки и подобро третирање себеси, и такви филозофии.

Веројатно првиот впечаток што се добива е „А бе, ајде, 5000!”, ама да не забораваме: Тоа е Њујорк, и во Њујорк ако сакаш ептен да не си го оштетиш буџетот, можеш да спиеш на таван. Без заебанции, еден стварно спие на таван. А не е дека е нешто „неоштетен”.

Назад на станот и кралицата на самодовербата. Откако ќе нè искара да не се осмелиме да бидеме негативни кон себе, нè пушта внатре. Свесна е дека е прескапо, ама си има најдено логика дека ѝ вреди - а не е ни толку шуплива логиката - станот е нов, има две спални, две купатила и 360-поглед на градот, вратар и такви фини работи.

Живее со цимерка (со која што, патем, ја отече публиката), која плаќа нешто повеќе од половина, затоа што нејзиното купатило е споено со спалната.

Од интересни работи што не сме ги виделе, бидејќи нема поима од дизајн на ентериер, раскажува за фирма која - ја ангажираш, те спојува со дизајнер и дизајнерот ти кажува што да купиш. Фино и прикладно за луѓе што врска немаат.

Кујната е фантастична. Не, не сјајниот медијапан кој го оставаме во минатата деценија, туку отворениот простор и светлото. Да ти е ќеиф да готвиш внатре.

Најголема инвестиција е телевизорот и - огледалата. Затоа што, според Серена, многу е важно да имаш огледала во кои ќе можеш да си кажеш убави работи.

3 јануари 2020 - 12:00