На принцот Филип не му се слави 100-тиот роденден

Еднаш има и изјавено дека не може да замисли ништо полошо отколку човек да дочека 100.

Според вработени во палатата кои разговарале со Телеграф, војводата од Единбург не само што „не сака да драми“ околу стотиот роденден, туку не сака воопшто да има некаква врска со славењето. Според изворот, „имаме воздржан славеник“.

Со оглед на корона-рестрикциите во Британија, на принцот секако ќе му се оствари желбата, бидејќи луѓе блиски до него изјавуваат дека кралското семејство порадо би славело приватно, наместо да прави голем настан и да не ги почитува протоколите.

Неинтересот на принцот не е некое изненадување за тие што се запознаени со неговите претходни коментари на оваа тема. Во едно интервју од 2000, кога го дискутирал 100-тиот роденден на кралицата Елизабета, кажал,

„Не можам да замислам нешто полошо. Веќе се распаѓам и онака.“

Сепак, Венити Фер ќе се нашали со предлогот како да се возбуди принцот за роденденот - само да му се каже дека слетале вонземјани во дворот на Виндзор.

Човекот си е фан на вонземјани.

Да е жив и здрав.

29 декември 2020 - 13:23