Академскиот естаблишмент и прогресивниот печат сакаат да знаете две работи: прво, дека конзервативните тврдења за пристрасноста на социјалните мрежи се лажни. Бидејќи, фирмите од Силициумската долина што ги контролираат содржините, носат одлуки кои, чудесно, целосно не се под влијание на нивната идеолошка наклонетост.
И второ, постои итна потреба од уште пошироко контролирање на политичкиот говор, можеби предводено од администрацијата на Бајден и од создавање на нови владини агенции. Со други зборови, сето тоа потиснување на конзервативците, хм, не се случува? И ни треба уште повеќе од истото.
Центарот за бизнис и човекови права на Универзитетот на Њујорк неделава објави бриф кој беше раструбен од медиумите, под наслов „Лажни обвинувања: Неоснованите тврдења дека социјалните мрежи ги цензурираат конзервативците.“ Во него се тврди дека „некои конзервативци веруваат дека нивните содржини за потиснати по идеолошка основа а всушност тие се избрани затоа што ги нарушуваат неутралните правила на платформата.“
Ова понекогаш е точно, меѓутоа извештајот ни од близу не покажува дека секогаш е точно. Што е со случаите кога Твитер и Фејсбук се обидоа да ја потиснат сторијата на Њујорк Пост за Хантер Бајден пред изборите 2020? Дури и извештајот признава дека „прашањето дали компаниите зад социјалните мрежи гаат анти-конзервативна пристрасност не може со сигурност да се одговори.“
Ова не ги спречува авторите без никаков проблем да напишат дека „тврдењата за анти-конзервативна омраза сами по себе се форма на дезинформација.“ Ова делумно се повторува затоа што „тие се обраќаат на истото заговорничко размислување од кое произлезе Куанон движењето.“
Јасно ви е? Секој еден што на тврди дека модерирањето на социјалните мрежи има наклоност кон прогресивците, шири дезинформации, и можно е да биде привлечен кон бизарен култ. И запаметете дека дезинформацијата е против правилата - кои, да повториме, се неутрални.
Меѓу останатите решенија за не-проблемот со прогресивната наклонетост е, секако, државната контрола. Извештајот на Универзитетот на Њујорк препорачува „федералната влада... да изврши притисок врз Фејсбук, Гугл и Твитер да ги унапредат политиките околу содржините“ и „да соработува со овие компании“ на спроведување на истите политики. Ваквото политичко потиснување - неутрална владино поддржана контент политика - „треба да биде спроведувана од новата Дигитална регулативна агенција.“
Бидејќи создаваме нови ентитети за контрола на говорот, Њујорк тајмс нуди друга идеја. Експертите препорачуваат „администрацијата на Бајден да состави меѓу-агенциска екипа која ќе се справува со дезинформациите и домашниот екстремизам, која ќе биде предводена од нешто налик 'цар за реалност,'“ наведува столбот на прогресивна толеранција.
Кога дезинформацијата (или барем дезинформацијата што не е корисна за администрацијата на Бајден) се шири, тогаш според Тајмс „централизираниот тим треба да координира заеднички, стратешки одговор“ и да ги регрутира технолошките платформи. Ова „би можело да стане врвот на копјето за одговорот на федералната влада во случај на криза на реалност.“
Владата како „врвот на копјето“ против политички говор? Замисли ако Доналд Трамп го кажеше тоа.
Интелектуалците не сакаат само администрацијата на Бајден да промовира прогресивни политики. Исполнети со моќ, тие сега предлагаат дека владата треба да го контролира протокот на идеи и да преземат овластувања за дефинирање на реалноста. Што значи вадете ги комисиите за вистина. И ако некоја политичка малцинска група се пожали дека Министерство за вистина е пристрасно, не се грижете - царот за реалност многу брзо ќе ја реши таквата дезинформација.