Шоуто наречено „поклони од Канје за Ким“

Сега откако „љубовта на столетието“ е пред крај (за тие што не знаат, Ким Кардашијан и Канје Вест се разведуваат), светските медиуми радо се сеќаваат на сите идиотски и помалку идиотски моменти од неа. За денес, поклони од Канје за Ким. Некои во ред, некои тешка глупост.

Еднаш на пример, ѝ нарача ланче и привезок од Картие, со тоа што - на привезокот е изгравирана порака и тоа не било каква. Мислите дека е обична гравура на текст? Не бидете примитивни. Скриншот е. Цел скриншот од смс порака сосе сликата најгоре, и значаен текст:

„Ова ти е животот
Мажена со четири деца
Вадиш луѓе од затвор
Насловна на Вог
Секоја недела во црква со семејството
Остварени соништа“

Значи:

Друг пат ѝ купи Биркин, на која претходно дозволи нивната ќерка Норт да нацрта нешто. Чисто информативно, обично цената на Биркин ташна почнува од 10.000 евра нагоре.

Од покорисните поклони, еднаш за Божиќ и подари кутија со акции од Нетфликс, Епл, Адидас и Дизни:

За Божиќ, 150 (сто и пеесет) поклони, спакувани во црни кутии:

За некој Ден на мајката, ја имаше украсено нивната дневна соба (а пазете ја и таа дневна соба) со висечки цвеќиња:

Ким веројатно едвај чека да се разведе за да може да има барем ЕДНА друга боја освен болничка беж во дневната соба, или било каде во куќата.

Или, се будиш и гледаш оркестар во дневна:

Или цел Кени Џи лично, сосе ружи во вазни:

Или ѕид од цвеќиња, можеби за сликање на Инстаграм:

Никако не смее да се заборави и „мртвата природа“ на Канје, со уште еден значаен текст што по стоти пати нѐ тера да се запрашаме - како е човеков толку популарен?!

И уште еден невер форгет - кога ѝ направи холограм од татко ѝ:

Уште еднаш: Замисли Канје да ти е маж.

А зошто се разведуваат? Еве една можна причина, понатаму можеме само да замислуваме што сѐ се случува зад затворени врати.

8 јануари 2021 - 11:40