10 знаци дека имате нарцисоидна мајка

Не зборуваме за самобендисаност и самоувереност, туку за едно сериозно ментално нарушување од кое не само што страда мајката, туку и целото семејство.

Тврдењето дека родител со нарцисоидно нарушување на личноста не те сака е претерано и неосновано, но дека може да те оштети емотивно и да предизвика дел од животот да посветиш на промашени врски и посети на психолог - може, и тоа како.

Нарцисоидната мајка е манипулативна личност, се претставува себеси како жртва и вниманието што (не) им го посветува на децата може да го користи како оружје.

Децата си ги гледа како трофеи и пиони, и низ призма на тоа како нејзе ја претставуваат пред луѓе. Последново да не се меша со југословенски шамар пред да дојдат гости за да не се глупираш.

Меѓу поважните работи ѝ е да има контрола над целото семејство и може да биде нездраво врзана со децата дури и откако ќе пораснат и ќе сакаат да се отстранат од дома. Да не се меша со „облечи се, ладно е“, без разлика што и твоите деца стигнале до факултет.

Од погрдите, нејзината љубов не е безусловна. Многу зависи од односот на нејзините деца кон нејзе, кој е и без тоа оштетен заради нејзиното влијание.

Тешко е да се замисли, но нарцисоидната мајка секогаш сака вниманието да биде свртено кон нејзе. Дури и да ѝ пристапат децата со сопствен проблем, ќе најде начин да го сврти текот на разговорот и магично да почне да зборува за себе и своите проблеми. Не знае да слуша, нема емпатија.

Се разбира, видеото што следува не треба да се земе здраво за готово само затоа што сте препознале некоја карактеристика и исклучиво психолог може да ви каже со што точно имате работа:

30 декември 2020 - 12:26