Winona Forever:

Зошто Џони Деп и Винона Рајдер никогаш не завршија заедно?

Рајдер и Деп беа од оние совршени холивудски парови осудени на неуспех заради моментот во кој се споија. Секоја слика од нив двајца заедно вришти „девеести!“ и по светов уште има луѓе што никако да ги прежалат.

Се запознаваат кога таа има 19, а тој 28 и зрачат со компатибилност - а во обид да го убијат „љубопитното чудовиште“ што го потхранува јавноста, комплетно се искрени за природата на нивната врска и начинот на кој го поминуваат времето. Деп потоа објаснува дека, не само што не ја смириле јавноста со тоа, туку ѝ дале и прилика да се чувствува повикана да им се меша.

Толку се воодушевени еден од друг, што бараат од Џон Вотерс да ги венча после само 5 месеци, а Џон Вотерс, без разлика каква будала е, одлучува да ги разубеди, само затоа што Винона е премлада.

Раскинувањето ги уништува и двајцата, но од тогаш се поминати толку многу години и настани што е беспредметно фановите на овој иконичен, „дефиниција за ‘90-те“ пар да се надеваат на некакво повторно спојување, без разлика што кога Амбер Херд го обвини Џони Деп за секакви глупости, Винона јавно кажа дека ќе сведочи во негова корист.

Сѐ до крајот на ова информативно видео, кога ќе се каже трачот дека Деп ја побарал преку заеднички пријатели и дека се слушнале и се допишувале. И одма ти текнува, замисли да се смират. 

49-годишна Винона Рајдер и 57-годишен Џони Деп.

Winona Forever.

2 декември 2020 - 09:49