15-та година по ред бугарските нацисти викендов организираа марш низ улиците на Софија. Како и секоја година кон средината на февруари во парадата со бакљи им се приклучија и колегите од многу други европски држави здружени во заедничка (а понекогаш и конкурентна) омраза.
Оваа сезона им е за раскажување. Може да се пофалат со две гостувања во Лига Европа, како и со пречек на легендата Роберто Манчини во Скопје. Резултатот не им потрефи, но се враќаат со убави спомени. Имаа средба со Симоне Инѕаги, човекот кој им донесе фудбал и резултати за уживање.
На Зимските Олимписки Игри никогаш во историјата немало девојки од Јамајка и првото појавување на натпреварувачки од оваа земја на ЗОИ во Пјонгчанг е права сензација.
Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.
Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.
Се навршува седмата година од војната во Сирија која комплетно го смени лицето на таа земја и го запусте тој јаден народ. Оној Башар ал Асад ни оддалеку не е демократ од скандинавски калибар, но....
Погба најпрвин „деликатно“ му го мириснал задникот на Меси. Потоа Меси му се навртел, а Погба исплашено избегал, но неговите тренери со сила го вратиле назад. Да не правиме спојлери, дознајте сами кој победил.
Утро, 9 февруари. Пристигна мрачната вест дека починал Глоговац. И тоа само неколку недели после веста дека воопшто бил болен. Што? Како? Нешто не е во ред со космичката математика. Немаше ни педесет. Горостасен актер на врв на моќта! Како овој подол факт сега да се обработи во главата и во срцето? Каде да се паркира сето тоа?
Фудбалерите на Локомотив го направија најголемото изненадување вечерва во Лига Европа откако губеа 2:0 па славеа 2:3 кај Ница. Фаворитите сигурни: Милан, Арсенал и Дортмунд чекор пред пласман понатаму.
Националното жири при изборот „Автомобил на годината во Македонија“ одлучи да оваа 2018 година титулата ја додели на комплетно новиот Dacia DUSTER. Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост во кои Duster ја направи решавачката предност.
Пред три дена наполни дури 37 години но тоа не му смета да е прв стрелец во Лига Европа со 8 гола и да го држи Атлетик Билбао во мирната зона во Ла Лига. А малку фалело да стане лизгач на брзи патеки.
Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.
Родени во Африка, ама заради човек со многу пари како мали се префрлени во Колумбија. Кога нивниот газда е убиен пред 25 години тие се оставени сами на себе, а во околина како Колумбија одлично се снаоѓаат.
Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.
По анализирање на над 1.000 различни состојки, научниците прават ранг листа на храната што „обезбедува најдобар баланс на вашите дневни прехранбени потреби.“ Добра вест е што свинска маст е меѓу топ 10 на листава, а брокула и прокељ се на крај. Лоша вест е што свинска маст е единствен производ поврзан со црвено месо.
Славниот француски филозоф има изјавено дека по неговата смрт не сака да бидат печатени неговите недовршени дела. Но оваа недела, по повеќе од 30 години од неговата смрт, во Франција ќе биде издадена негова нова книга, од издавачот Галимар.
По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.
Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ на неодамнешното Европско беше бесен поради судењето на мечот против Германија за која беше досудено пенал во финишот и во знак на протест застана да брани. Германците направија пародија од целата таа напната ситуација.
Можно е ние да имаме најмногу фрази поврзани со „продадена душа” по глава на жител. Што од македонштина, што од искуство, обично луѓе се расфрлаат со „се шитна”, „пушти го, одработува”, „платеник”, без да им текне дека тој некој таму „шитнат” си брка работа и само поради еден обичен сплет на околности, нив тоа не им се свиѓа.
Денеска свечено ќе бидат отворени ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореа. Рекордни 2.925 спортисти од 92 земји ќе се борат за медалите на рекордно ниски температури од -20 степени.
Точно е дека вакви наслови не се ставаат. Точно е тоа и за поднасловов што го пишуваме. Ама, најточно во оваа ситуација е дека вакво нешто одамна немате читано.
До сега се знаеше дека обемните количини на дневна светлина се корисни за продуктивноста на работа, сега се знае дека недостатокот на светлина на работно место може да оглупавува.
Убаво е човек понекогаш да ги отвори видиците и да дознае нешто за голф, еден од најнепопуларните спортови кај нас. Инаку како ќе дознаевме за Пејџ Спиранац.