Ел паис објавува дека сето ова време нилските коњи на Ескобар не само што се развиваат, туку и непречено се размножуваат бидејќи немаат никаков природен непријател ова оваа околина.
Моментално изброени се 50 нилски коњи во шумите на Колумбија, меѓутоа се верува дека ги има повеќе. За нив треба да се грижи, и ги брои, државната агенција Корнаре, чиј директор објаснува „тоа не се крави, не можеме да им се приближиме. Тоа се диви животни, и тие се во дивината.“
Нилските коњи стануваат одговорност на државата бидејќи влегуваат во имотот на Ескобар кој е запленет по убиството на нарко-босот.
Иако не се знае дали бегаат од своите кафези (тие се дел од зоолошката на Ескобар, во која меѓу другото има жирафи, слонови и ноеви) или се пуштени од полицијата сами да се снаоѓаат, речиси неколку години по елиминирањето на нарко-босот никој не знае дека тие постојат.
Откако ги дознаваат дека ги има и дека прават зулуми низ северо-западна Колумбија, поминуваат десетина години пред да се договорат на кого му паѓа обврската за нивно чување.
Дури во 2013, Корнаре, добиваат пари за стерилизирање на нилските коњи - „ако можат“. Бидејќи не знаат ништо за африканските животни, тие најмуваат биолози, кои пак доаѓаат до заклучок дека најдобро ќе биде животните да се фатат и да се префрлат во зоолошки - пред некој да биде повреден.
Ама како што сфаќаат од Корнаре тоа е многу потешко да се спроведе отколку да се каже.
„Немаме упатсво за ракување со нив.
Многу ги има. Пуштени се. Слободни. Тежат по 3 тона. И можат да достигнат брзина од 30 км/ч.“ објаснува еден од биолозите на Корнаре.