Најнеславниот крај на фудбалски натпревар викендов се случи во државното бразилско првенство во Бахија меѓу екипите на Виторија и Бахија кои одиграа меч кој траеше околу 80 минути.
По крајот на првиот дел кој заврши со 6 жолти картони и водство од 1:0 за домаќините, второто полувреме помина во тотален хаос.
Сè започна во 50-та минута откако Винисиус го израмни резултатот на 1:1, танцувајќи пред домашните навивачи. Играчите на Виторија тоа веројатно го сфатија како провокација по што почнаа да летаат боксови.
Мечот беше во прекин 16 минути во кои судијата додели 3 црвени картони за домашниот и 5 црвени за гостинскиот тим.
Играта продолжи, но на 11 минути до крај беше прекинат бидејќи Виторија при три направени измени доби уште две исклучувања, а тоа автоматски значи крај на натпреварот.
Правилата на ФИФА наложуваат дека ако еден тим остане со помалку од 7 играчи на терен, тогаш мечот завршува.
Во ваков случај на Бахија и следува службена победа од 3:0.
Olha o soco bixo. Cenas lamentaveis no Bavi pic.twitter.com/WyzNpF3g1q
— Diário de torcedor (@tweettorcidas) February 18, 2018