Чудни испади и потези имаа фудбалерите овој викенд од кои само два бележиме во Португалија. Јаго Кариело од Портимоненсе стрелаше во 88-ма за пресврт и победа од 2:1 над Виторија, а потоа фати да ги „стрела“ и навивачите.
Кога сте виделе последен пат судија да прекине натпревар поради недостиг на играчи на терен? Бразилските фудбалери кои се познати по лудото дриблање, овој пат покажаа други вештини, а тоа резултираше со 10 црвени и 8 жолти картони.