Dacia Duster - Автомобил на годината за 2018!

Националното жири при изборот „Автомобил на годината во Македонија“ одлучи да оваа 2018 година титулата ја додели на комплетно новиот Dacia DUSTER. Националното Жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост во кои Duster ја направи решавачката предност.

Новиот Duster оди чекор понапред во досега веќе воспоставениот квалитет - вистински SUV со комплетно нов модерен надворешен стајлинг, редизајнирана внатрешност со фокус врз комфорот и квалитетот како и асортиман од практична нова опрема која ви помага во секојдневното возење.

Подобреното искуство со возењето со погон на четири тркала и истата офроуд способност го позиционира комплетно новиот Duster меѓу најдобрите на пазарот.

1. Новиот Duster се одликува со преден дизајн на самоуверена личност и робустно држење:
• Заштитната решетка се протега до фаровите што се сместени на крајните предни агли, со што се добива поширок изглед на автомобилот.
• Моделот блеска со новиот светлечки белег, вклучувајќи и LED светилки што светат и дење и се поделени на три дела.
• Страничната линија го истакнува SUV изгледот на автомобилот.
• Повисоката линија на целосно комплетно новиот Duster го надополнува впечатокот на робустност и заштита.
• Шофершајбната е истакната напред за 100 мм и е пострмно поставена, што прави кабината да изгледа попространа.
• Новиот алуминиумски кровен багажник - чест белег на SUV моделите, ја проширува линијата на шофершајбната за да се добие подинамичен профил.
• Новите 17-инчни фелни му даваат на автомобилот уште посамоуверен изглед.

2. Целосно редизајнирана кабина:
Висок квалитет и удобност

Оптимален комфор и асортиман од опции за прилагодување:

• Воланот може да се прилагоди висински (до 40 мм) и далечински (50 мм).
• Возачкото седиште оди со потпирач за рака, лумбално прилагодување и нов систем за прилагодување на висината кој се движи до 60 мм (во споредба со 40 мм претходно).
• Перничето на седиштето е 20 мм подолго за подобрена поддршка.
• Новиот дизајн на седиштето нуди зголемена странична поддршка во кривините и содржи погуста пена за зголемена издржливост и комфор.
• Располага со три потпирачи за глава во форма на запирка заради подобрена видливост на возачот, кога нема патници на задните седишта.

Внимателно избрани материјали

Комплетно новиот Duster сега се одликува со уште попрефинет ентериер, благодарение на посебниот фокус на избраните материјали и севкупниот финиш:
• Контролната табла е збогатена и се одликува со попрефинета текстура и мат дизајн.
• Внатрешноста на вратите се состои од робустни рачки и меки потпирачи за рацете што се попријатни на допир.
• Новиот тапацир се состои од удобна, модерна 3D плетка и врвно порабување.
• Новиот покус спортски менувач е со сатенски финиш и хромирани елементи.
• Во зависност од верзијата, воланот се одликува со ексклузивен финиш со мек допир што е со виок квалитет и пријатен на допир.

Практични одлики на кабината за секојдневно возење

Капацитетот за складирање на комплетно новиот Duster е 27.2 литри, вклучувајќи ја и новата 2.8-литарска преграда за складирање што е сместена зад патничкото седиште.

Капацитетот на багажникот на овој автомобил е 445 дм3 VDA (478 литри) за верзијата со погон на две тркала и 411 дм VDA (467 литри) за верзијата со погон на четири тркала. Ако ги спуштите задните седишта, максималниот капацитет на багажникот е 1,478 дм3 VDA (1,623 литри).

3. Посебно внимание на звучната изолација

Шумовите во кабината се преполовени благодарение на усовршените материјали за звучна изолација што ја блокираат бучавата од патот.

• Изолацијата во кабината е подобрена благодарение на:
- зголемување на процентот на површини што го апсорбираат звукот во кабината и од моторот од 20 до 50 проценти,
- намалување на шумовите благодарение на подобрените материјали за запечатување и затнување,
- подебело стакло за 0.35мм за предните прозорци.

• Бучавата од моторот и патот е намалена благодарение на поостриот преден крај (рамката на моторот, шините на шасијата, подножјето на шофершајбната) за помалку вибрации во кабината.

• Автомобилот е сега опремен со биконусни звучници со поголем дијаметар, 165 мм, за подобрен аудио квалитет. Тие се вградени во вратите со ново подобрено запечатување и монтирање. Во повисоката верзија, двата високотонци сместени на горниот дел од контролната табла уште повеќе ќе го подобрат вашето искуство со звукот.

4. Комплетно новиот Duster ги содржи во себе офроуд карактеристиките што помогнаа да оригиналниот модел достигне толку голем успех.

Неговите димензии се:
• 4.34 м должина;
• 1.80 м широчина;
• голема висина од земјата (210 мм);
• пристап и агли на трнување од 30° и 33° за верзијата со погон на четири тркала и 34° за верзијата со погон на две тркала;
• Агол на прекршување: 21°.

5. Висината на комфорот

• Целосно новиот Duster доаѓа со ново управување на електрична енергија. Тоа го намалува напорот што е потребен да се сврти воланот за 35 проценти, што е посебно корисно додека паркирате. Згора на тоа, размерот на управување сега е за шест проценти понизок, со што се овозможува побрза реакција при управувањето и подобрени можности за маневрирање во градовите и со повисока брзина на кривулести патишта. Управувањето вклучува систем што ја регулира помошта при управувањето во согласност со брзината на возилото за поголема стабилност на правецот додека возите на автопат. Исто така, тоа значително ја подобрува реакцијата при управувањето, особено во ситуации кога возите офроуд.
• Автомобилот се одликува со Multi View камера во кој се опфатени четири камери (една напред, по една на двете страни и една назад).
• Констрола при симнување по надолнина му овозможува на возачот да ја контролира брзината при симнување на автомобилот по надолнина. Системот дејствува врз сопирачките на возилото, со што овозможува извонредна стабилност.

6. Докажан избор на мотори

• SCe 115 (верзии со погон на две и на четири тркала) и TCe 125 (верзии со погон на две и на четири тркала) со мотори на бензин кои возат со рачен менувач.
• dCi 90 (верзија со погон на две тркала) и dCi 110 (верзии со погон на две и на четири тркала), со дизел мотори, исто така се споени со рачен менувач, иако dCi 110 моторот (верзина со погон на две тркала) може да се набават со EDC автоматски пренос. LPG верзија на SCe 115 единици, исто така е достапен како опција

7. Комплетно новиот Duster е достапен со опрема што ќе помогне во заштитата на патниците.

Автомобилот се одликува со засилен скелет:
• Новите шини на шасијата се подебели за 0.2мм и подобрените механички својства благодарение на усовршениот челик;
• нови спојници (A-столб, носачи под подот).

Тој исто така ја содржи следната нова безбедносна опрема (во зависност од пазарот):• нова рамка на седиштата;
• нови поголеми, подебели потпирачи за глава на предните седишта за подобра заштита во случај на удар одзади;
• нови водушни перничиња;
• пиротехнички претензионери со ограничувачи на тежината за предните и задните странични седишта;
• ISOFIX поткрепа за детски седишта во задните странични седишта со нова i-Size особина.
• новиот сигнал за сигурносниот појас на задните седишта (SBR) со екран на контролната табла на кој се прикажува бројот на сигурносни појаси одзади што не се врзани и звучно предупредување доколку некој од патниците одзади го откопча својот појас додека возите;
• новиот браник-амортизер и новиот дизајн на хаубата за подобрена апсорпција на силата доколку се случи удар во пешак;

Системот за ограничување на брзината му овозможува на возачот да вози со претходно поставена брзина без да мора постојано да ја проверува брзината и помага да не го надмине избраниот праг. Тоа функционира од 30 км/ч.

Предупредувањето за слепа точка се состои од четири ултразвучни сензори лоцирани на двете страни од возилото - напред и назад. Тие ги детектираат другите возила што доаѓаат одзади или од страните на растојание од три до пет метри. Сигналот за предупредување автоматски почнува да трепка на ретровизорот од вратата ако сензорите забележат некаква опасност. Ако индикаторот е вклучен кога сензорот детектира возило во слепата точка на возачот, тогаш светилката за предупредување ќе почне да трепка на ретровизорот. Овој систем функционира кога брзината на возилото е од 30 км/ч и 140 км/ч.

Повеќе информации во однос на моделот може да најдете на следниот линк :
http://dacia.mk/modeli-dacia/nov-dacia-duster/index.html

(комерцијален текст)

15 февруари 2018 - 15:32