Пипита постигна два најбрзи гола во историјата на ЛШ
Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.