Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.
Аргентинецот Игуаин синоќа против Тотенхем даде два гола за само 8 минути и 7 секунди од почетната судиска свирка. Тоа е најбрзиот дубл на еден играч во историјата на Лига на шампиони. Претходниот рекорд го држеше сонародникот на Игуаин, Хулио Круз кој во дресот на Интер во сезоната 2006/2007 година против Спартак Москва дал два гола за 8 минути и 30 секунди.
Фудбалерите на Леванте во 31 минута први поведоа на Сантијаго Бернабе и го изненадија Реал Мадрид. Но за само 5 минути следеше израмнувањето и најубавиот момент на мечот кој на крајот Кралевите го завршија со „петарда“ во мрежата на гостите.