Македонскиот натпреварувач кој беше и знаменосец на отворањето на Олимписките игри го освои 79-то место од можни 80 натпреварувачи, но со оглед на тоа што еден беше дискалификуван, нашиов се води како последен.
Ставре Јада стигна до целта со време од 4:23:85 минути, а победникот Ристомати Хакола од Финска ја заврши трката за 3:08:54, што значи бил побавен од најдобриот за 1 минута и 15 секунди.
Претпоследниот натпреварувач беше побрз од Ставре за 18 секунди.
Од оваа квалификациска трка во нордиско скијање на спринтот во класичен стил, пласман во наредната фаза обезбедуваат најдобрите 30 спринтери.
Следниот предизвик на еден од нашите тројца натпреварувачи во Пјонгчанг е трката на 15 километри која се одржува в петок.