Алиреза Беиранванд е името на голманот на Иран, веројатно единствениот човек со ваков пат до Мундијалот во Русија. Да не го направел чекорот кој се вика бегање од дома и живеење кај стигне, сега веројатно ќе бил само овчар.
Фудбалерите на Уругвај го декласираа домаќинот на Мундијалот со 3:0, а Саудиска Арабија ја оствари првата победа на Мундијалите по СП 1994 и му го запиша третиот пораз на Египет со гол во 95-та минута. Голманот на Египет стана најстар играч во историјата на СП.
Откако нивната репрезентација ја демолираше Полска со 3:0 во 2. коло од групната фаза и сега има големи шанси за пласман во осминафинале ако го победи Сенегал, навивачите на Колумбија ширум оваа земја славеа на улици и по локали.
Откако ќе видите ликов што уплатил и кога ќе го прегледате голот на Крос против Шведска прво што ќе речете е: Не е фер, треба да му ги исплатат парите.
Фамозниот НБА драфт ќе се одржи вечерва. Генералните менаџери не спиеле со денови, навивачите се спремаат да видат кого ќе одбере нивната франшиза а пиковите ќе излезат дотерани во одела (секако не како во далечната 2003)
Има уште 30-ина секунди да ја нафрли како човек од аут, да пробаат да направат шанса за историско израмнување, тој прави циркус кога најмалку треба. Или треба да е глуп или не знаеме... Се вика Милад Мохамади. Игра бек за рускиот клуб Ахмат Грозни.
Руската фудбалска репрезентација е на чекор од историски пласман во осмина финале на Светско првенство откако вечерва убедливо го совлада Египет со 3:1.
Во детството Хуан Куадрадо толку често слушал истрели од улицата, што родителите веќе смислиле ритуал за да го смируваат: секој пат кога на улица почнувала жестока престрелка, тој легнувал под кревет и ги затнувал ушите додека пукотниците не се стишаат.
Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.
Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.
Рубиалес во кариерата играл за неколку второлигаши а во еден момент сфатил дека повеќе му лежи да биде адвокат и менаџер по што тргнува во голем поход.
Најдобрите македонски ракометари ја сочуваа големата предност од Скопје (32-24) и по шести пат (четврти пат во низа) обезбедија пласман на Мундијалот во Германија и Данска на почетокот од 2019.
Дојде и тоа што го чекавме четири години. Месец дена ќе уживаме во најдобриот фудбал на светот. 32 репрезентации собрани на едно место ќе покажат што знаат. Да ги запознаеме.
Габриел Жезус имаше 17 години, беше дел од школата на Палмеирас и како и многу други деца навиваше за својата земја, домаќин на Мундијалот и фарбаше надвор за да се почувствува корисен во таа фудбалска еуфорија.
На маргините од средбата за која зборува целиот свет се огласи и Денис Родман, другарот на Ким Јонг-Ун кој за СиЕнЕн кажа дека цела Америка го напаѓала поради блискоста со лидерот на Северна Кореја но на крајот тој испаднал во право.
Светското првенство во Франција го паметиме по високиот пораз на Бразил во финалето од домаќинот и двата гола со глава на Зидан, како и третото место на Хрватите. Но има работи кои не ги знаете или можеби не ги паметите.
Откако мексиканските медиуми открија дека неколку репрезентативци имале бурна ноќ во пресрет на поаѓањето за Русија на Светско првенство, федерацијата реши да не ги казнува фудбалерите а во меѓувреме излезе видео од забавата со 30 проститутки.
Еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата по заминувањето на Герет Бејл од таму, е неговиот наследник во Тотенхем Дени Роуз. Но и бескомпромисниот борец е ранлив како и секое живо суштество па пред јавноста кажал за маките кои ги имал.
Ти го мислиш уште недоопоравен од повредата и вон ритам, а тој си игра мајтап и крши кички на пријателски пред Светско. Бразил ја збриша Австрија 3:0. Коментаторот е смешки кога треба да ја искоментира оваа игра еден на еден на Нејмар.
Македонската ракометна репрезентација е класа појака ракометна сила од селекцијата на Романија. Тоа го докажа со надмоќнона игра и резултат од 32:24, кој се надеваме дека нема да биде достижен на реваншот.