Дечкото се вика Ли Робинсон доаѓа од Англија и има страшно луд осет или (не)среќа за кладење. Ги истипува трите саботни средби од Мундијалот, ама на нетипичен начин и да речеме дека скоро ги погоди сите.
Типувал дека Тони Крос ќе постигне гол надвор од шеснаесетник, дека Ромелу Лукаку ќе даде два гола за Белгија и дека Мексико ќе ја совлада Јужна Кореја со точен резултат 2:1.
Навидум ова изгледа научна фантастика за да го погоди човек, ама човеков за влакно не е добитен, односно поради банална причина.
Слободниот удар на Тони Крос вo 95-та минута е надвор од шеснаесетник? Е надвор е де, ама не е. Гледајте и чудете се.
Твитот за несреќников кој остана без 5.250 фунти е ретвитнат 12.000 пати и лајкнат повеќе од 30.000 пати, а реакциите се: „Срце ме боли“, „Дајте му ги парите“, „Ми доаѓа да заплачам“...